Еколошка јахта секој ден собира 5 тони пластика од океан и ја претвора во гориво

- Advertisement -

Неодамна беа претставени дизајните за нова еколошка јахта вредна 52 милиони долари, која ќе собира ластичен топад од океаните и ќе го рециклира. Горивото што ќе се добие со рециклирањето ќе го користи за да се движи. Јахтата Ocean Saviour е дизајнирана за собира пет тони пластика секој ден и ќе биде првото пловило во светот кое само го создава горивото што го троши.

- Advertisement -

Пластиката што ќе ја собира ситно ќе ја меле и ќе ја процесира преку машинерија поставена на бродот со минимални загадување на атмосферата. Компанијата која ја дизајнираше јахтата, TheYachtMarket, вели дека инспирацијата дошла по документарецот на ВВС, Blue Planet.

- Advertisement -

Јахтата ја опишуваат како „комбиниран жнејач на морињата“. На двете страни од јахтата има 70 метри долги краци кои ќе го насочуваат отпадот во колектор, пишува Daily Mail. Ричард Робертс е соосновач на проектот и вели дека вистината за пластичниот отпад во океаните го шокирала и го охрабрила да направи нешто за да го реши проблемот.

- Advertisement -

Во моментот човештвото произведува 335 милиони тони отпад секоја година, што е пет пати повеќе отколку пред 50 години, а во океаните моментално има над пет трилиони парчиња пластика или 8 милиони тони.

Сподели!
- Advertisement -