Facebook соопшти дека биле хакирани 50 милиони профили

- Advertisement -

Речиси 50 милиони профили на најголемата социјална мрежа биле хакирани, соопштија во петокот од Facebook.

Од компанијата соопштија дека хакерите ја искористиле слабоста на опцијата View As за да добијат контрола врз профилите на корисиците. Нападот бил откриен во вторникот и за него била известена полицијата.

Оштетените корисници во петокот беа повикани повторно да се логираат на својот профил.

- Advertisement -

„Проблемот сега е решен. Имајќи предвид дека штотуку отворивм истрага, мораме да утврдиме дали профилите или некоја информација се злоупоптребени.Приватноста и сигурноста на кориснциите се неверојатно важни и жал ни е што се случи ова“, напиша во соопштение шефот за безбедност на Facebook, Гај Роусен.

Компанијата на почетокот од седмицава открила упад во истемот, откривајќи дека хакерите ја користеле опцијата во кодот на Facebook, која им овозможила преземање на кориснички профили. Компанијата наведе не знае кој стои зад овој масивен напад, како ни дека уште не успеале да ја проценат неговата обемност.

Сподели!
- Advertisement -