Компанијата Oppo годинава го изненади и го одушеви целиот пазар за мобилни уреди со моделот Find X, телефон со одличен дизајн кој речиси нема рабови околу екранот, а и камерите се скриени и се појавуваат на површината преку механизам на лизгање. Одличниот и иновативен дизајн има и неверојатен хардвер, а се чини дека екипата од оваа компанија повторно сака да ги освои насловните страници на технолошките медиуми, пренесува Zimo.
Иако не е официјално, гласините велат дека Oppo подготвува верција на овој телефон која ќе има дури 10 GB RAM, плус 256GB простор за складирање податоци. Ова ќе биде првиот паметен телефон во светот со колку голема мемрија. Информациите за ова чудовиште од телефон ги објави на Twitteru корисникот Ice universe, кој досега се покажа како одличен прогнозер, односно како личност со одлични и доверливи информации од мобилната индустрија.
Освен информациите за RAM и просторот за складирање, не се објавени некои други детали за новиот моделна Find X, но се претпоставува дека ќе има исти или слични опции како оригиналниот модел. Тоа значи дека ќе има екран од 6,42 инчи со резолуција од 1080×2340 пиксели, процесор Snapdragon 845, лизгачки дел со камери од 16 и 20MP и предна камера од дури 25MP.