ПР Бар, настан кој ќе ги одговори прашањата на ПР индустријата

- Advertisement -

По големиот успех на првиот “Македонски маркетинг” настан во организација на Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub, овојпат во едно поинакво “after work” светло Creative Hub го организира првиот “ПР Бар”.

ПР Бар е настан кој има за цел да собере искусни лица од ПР индустријата, како основачи на ПР агенции, портпароли на институции, новинари, медиски претставници, раководители на корпоративен сектор во институции, раководители на печатени медуми, раководители на ПР сектoри во маркетинг агенции, но и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе и да се информираат за ПР индустријата која е во се поголем подем.

Настанот ќе се одржи на 25 октомври (четврток) 2018 година во Парк хотел & спа со почеток од 18 часот.

- Advertisement -

Гости на настанот:

Аријана Коскарова, основач и раководител на Академија за маркетинг и пр на Creative Hub

- Advertisement -

Марија Трајковска, директор за односи со јавност во Element PR

Ангелка Пеева Лауренчиќ, директор и партнер во агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност – Image PR

- Advertisement -

Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на порталот Sakam Da Kazam

Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на Р.М.

Ели Пешева, директор за комуникации во New Moment, Skopje

Ивона Пеков Галиќ, ПР професионалец

Гоце Пачемски, специјалист за односи со јавност и стратешки менаџмент во Image PR

Бранко Героски, главен и одговорен уредник на Слободен печат и Плусинфо

Настанот е бесплатен за учесниците на Академија за маркетинг и ПР на Creative Hub. За останатите кои би сакале да присуствуваат имаме ограничен број на карти по промотивна цена од 799 МКД кои може да се купат на shop.creativehub.mk .

Сподели!
- Advertisement -