Невролози докажале дека 10-минутното дремење на работа ги прави работниците попродуктивни

- Advertisement -

Невронаучниците веќе со децении се запознаени со фактот дека 10-минутното дремење значително ја подобрува фокусираноста и когнитивните перформанси. Дури е познато дека дремењето не прави попаметни, подобри и побрзи.

Со оглед на позитивните докази за „power nар“, сте помислиле ли како би изгледало кога директорите би им дозволиле на вработените да дремат на работа за да добијат максимални резултати? Но, тоа не е така. Според истражувањето на New York Times, најголем дел од компаниите уште ги принудуваат вработените да се сокриваат во автомобил или во тоалет за кратко да се одморат и повторно да бидат подготвени за работа.

Тажната вистина е дека директорите, сепак, во оваа ситуација ја игнорираат науката и не се потпираат на фактот за продуктивноста до кој дошле неуронаучниците во своите истражувања. Во денешно време тоа бизарно игнорирање е највидливо во канцелариите од отворен тип или систем океан.

- Advertisement -

Таквите канцеларии се во замав последните 30 години, и покрај многуборјните истражувања кои докажуваат намалена продуктивност. Отворените канцеларии се целосна спротивност на поттикнувањето на дремење затоа што работната средина е гласна. Приватните простори се реткост до таа мера што барањата на поединците за приватност доведуваат до сомничавост на колегите.

Директорите, трошејќи пари на работи кои не ја поттикнуваат продуктивноста, пропаѓаат до гуша во лоши одлуки. Создавањето канцеларии кои го поддржуваат дремењето на работа ќе доведе до тоа директорите да признаат дека згрешиле, а тоа, воедно, е и единствената работа која не можат да ја поднесат.

- Advertisement -

За среќа, сите директори еден ден ќе бидат заменети со нови, помлади и попаметни, кои ќе се откажат од канцелариите од отворен тип и ќе прават канцеларии кои ја штитат приватноста и слободата за дремење. Тоа може да се случи порано отколку што мислиме затоа што таквата реаботна средина целосно доминира во продуктивноста и перформансите наспрема компаниите кои се држат до размислувањето од 20-тиот век кое води до прелевање на чашата кај уморните поединци.

Сподели!
- Advertisement -