Литванците ќе мора да преминуваат улица без телефон во рака

- Advertisement -

Литванија наскоро ќе воведе високи казни за сите кои полицијата ќе ги затекне да користат мобилен телефон додека преминуваат улица. Новиот закон е донесен со цел да се намали бројот на жртви во сообраќајни незгоди

Пешаците повеќе нема да можат да користат мобилен телефон на пешачки премин и додека прминуваат улица. Казната за прекршителите може да изнесува до 40 евра.

Во Литванија, членка на ЕУ со 2,8 милиони жители, во 2017 година 69 пешаци го изгубија животот во налет на автомобили или моторцискли. Според најновите европски статистики, Литванија е на трето место во ЕУ по смртноста во сообраќајот, после Романија и Летонија.

- Advertisement -

Ова не е прв случај на воведување казни за невнимателните пешаци. Хонолулу воведе казна за сите кои гледаат во екранот на својот телефон и преминуваат улица. Таму казните не се мали – дури 80 евра за оние кои ќе го повторат прекршокот повеќе од еднаш.

Сподели!
- Advertisement -