ЕУ ги заострува правилата за рекламирање со цел заштита на малолетниците

- Advertisement -

Застапниците на Европскиот парламент во вторникот со мнозинство гласови ги усвоија измените на директивата за обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги со кои ќе се заострат правилата за огласување заради заштита на децата и поголема промоција на европска содржина.

Построго ќе ги регулираат содржините кои повикуваат на насилство, омраза и тероризам, како и оние кои прикажуваат порнографија. Новите правила, усвоени на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, ќе обезбедат целосна забрана за рекламирање тутун, електронски цигари и алкохол на детските програми на телевизија и интернет платформи за видео содржини, но и намалување на изложеноста на децата на реклами за нездрава храна и пијалоци.

- Advertisement -

“Рекламирањето насочено кон децата мора да биде во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Алкохолот е најчестиот штетен производ на кој се изложени децата и тоа оние меѓу 13 и 15 години, бидејќи се појавува на слики, реклами, видео игри и слично. Покрај тоа, речиси 40 отсто од децата на возраст до 12 се директно изложени на рекламирање на нездрава храна, а една четвртина од нив кои се на училишна возраст се дебели”, предупредува хрватскиот еврозастапник Билјана Борзан.

Измените ги потврдуваат досегашните ограничувања на традиционалните медиумски куќи, а ги воведуваат за услугите видео на барање и платформите за размена на видео содржини, како што се YouTube, Netflix и Facebook. Платформите ќе треба да обезбедат ефикасен механизам да пријава на штетни содржини и навремен одговор на барањата.

- Advertisement -

Најмалку 30 проценти од содржината на телевизиските програми и VOD (видео на барање) платформите треба да бидат од европско потекло, со цел промовирање на европската содржина и зголемување на културната различност.

Директивата беше усвоена со 452 гласови, против беа 132, а 65 воздржани.

- Advertisement -

Договорот треба да биде официјално одобрен во Советот на министри, а кога ревидираниот закон ќе влезе во сила, земјите-членки имаат 21 месеци да ги применат новите правила во националното законодавство.

Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -