Пред да се одлучите да ја прифатите улогата на лидер, двапати размислете дали го сакате тоа или не. Имате ли навистина став и емоционална интелигенција да водите луѓе и заедно со нив да остварите одлични работи? Самоуверени ли сте доволно за тактично решавање проблеми без некој да биде оштетен?
Последната работа којашто му треба на светот е уште еден лош лидер кој постојано прави грешки. Лошо е за вработените, за нивното здравје, за потрошувачите и за компанијата. За да добиете подобра идеја за тоа дали сте еден од успешните лидери, ќе ви наведеме четири грешки кои одлучните лидери никогаш нема да ги направат двапати.
1.Неповрзување со членовите на тимот
Голема грешка која ќе ја направи секој што ќе стане лидер по прв пат е уживањето во сите привилегии кои ги добиваат во моментот кога ќе застанат на таа позиција, како и постепеното дистанцирање од сите битни врски со тимот. Овој вид на „отсутно водство“ е класична појава кај новопечените лидери, која, сепак, никогаш нема да ја видите кај искусните лидери.
2. Прекумерна контрола
Добриот лидер ќе стане одличен во моментот кога ќе направи нешто сосема контраинтуитивно – кога ќе ја намали контролата. Таквиот лидер има доверба, склон е на преземање ризици и има висока креативност затоа што е способен да ја дели својата моќ и да ја намали контролата врз луѓето.
3. Не слуша туѓо искуство
Вистинскиот лидер не мисли дека секогаш е во право. Тој знае да биде присутен кога е потребно и без осудување да ги слуша другите. Кога е може, тој го слуша мислењето на другите и нивните стравови, како и одличните идеи и решенија кои ги имаат.
4. Дозволува да дојде до нездрави конфликти
Древна духовна мудрост предупредува на тоа дека расправата која нагло ескалира е како пукнатина во брана, која мора да се стопира пред да пукне до крај и да направи поголем проблем. Тоа е знак на добрите лидери, на оние кои имаат добра интуиција и го воочуваат настанувањето на расправии кои можат да станат токсични и навреме ги прекинуваат.
5. Недоверба кон другите
Лидерите кои луѓето ги доживуваат како навистина паметни и керативни поединци никогаш нема да направат иста грешка и да не им веруваат на способностите и силата која ја имаат луѓето. Кога ќе се случи тоа, заемната доверба е сигурна, а вработените се уште повеќе лојални и предани на својата работа, но и на шефот.