Стивен Хокинг: Ако немате пари за генетски модификации, ќе ве уништат богатите суперлуѓе

- Advertisement -

Луѓето кои не се генетски подобрени или ќе останат на маргините или ќе изумрат. Ќе ги замени раса самодизајнирани суштества, кои постојано ќе се подобруваат, прогнозира славниот физичар Стивен Хокинг. И после смртта физичарот и писател Стивен Хокинг дига прашина во светот. Во низа написи и есеи кои ги објави Sunday Times како најава за книгата која би трбало да биде објавена неделава Хокинг изнесе контроверзна идеја – генетскиот инженеринг може да создаде нова раса суперлуѓе, кои би можжеле да го уништат остатокот од човештвото.

„Сигурен сум дека во текот на ова столетите луѓето ќе откријат како да ја менуваат интелигенцијата и инстиктите како што е агресивноста. Веројатно ќе бидат донесени закони кои го забранат генетскиот инженеринг на луѓето. Но, некои нема да одолеат на искушението да си ги подобрат човечките карактеристики како што се меморијата, отпорноста на болести и должината на животот“ напиша славниот физичар пред да почине.

- Advertisement -

Во есејот „Кратки одговори на големи прашања“ („Brief Answers to the Big Questions“) наведе дека богатите луѓе наскоро ќе имаат прилика да ги менуваат сопствените гени за да создадат суперлуѓе. Но, тоа ќе има лоши последици по луѓето кои не се генетски подобрени.

„Кога ќе се појави таквиот суперчовек, ќе настанат значајни политички проблеми со луѓето кои не се генетски подобрени, кои нема да можат да се натпреваруваат со нив. Претпоставувам дека ќе изумрат или ќе бидат на маргините на општеството. Ќе ги замени раса самодизајнирани битија, која постојано ќе се подобрува“ прогнозира Хокинг.

- Advertisement -

Неговите коментари се однесуваат на техниките од типот на Crispr-Cas9, систем за модифицирање на ДНК, измислен пред шест години, кој овозможува измена на штетните гени или додавање на нови. Во лондонската детска болница Great Ormond Street се користеше таа техника за лечење на деца од нелизлечиви форми на леукемија.

Crispr е молекула водич составена од РНК, со помош на која може да се делува на делови од ДНК. Молекулата е прикачена на Cas9, бактериски ензим кој функционира како пар молекуларни ножици за сечење на делови од ДНК. Така може да се сечат, да се лепат или да се бришат делови од генетскиот код.

Сподели!
- Advertisement -