Природната позиција на бебињата е или лежечка на цврста површина или во рацете на родителите. Во тие позиции телото на бебето е слободно да се движи и се поттикнува развојот. Сепак, во денешниот модерен свет родителите постојано се во движење и им се потребни гаџети кои ќе осигураат дека нивното бебе е безбедно. Честопати, тоа значи седнување и врзување во една позиција.
Doona е седиште за кола дизајнирано со цел на родителите да им овозможи практично и безбедно решение за носење на бебето. Doona е дизајнирано со интегрирани тркала, па лесно се трансформира од седиште за кола во количка на улица за само неколку секунди.
Експерти за инженеринг, за безбедност и медицински експерти изминатите неколку години работеа на развојот на Doona. Нивниот главен фокус беше ставен на безбедноста и на удобноста. Позицијата на бебето кога е ставено во Doona му овозможува лесна интеракција со околината и директен контакт со очи, па затоа и придонесува за подобар развој.