12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Цементарница УСЈЕ инвестира во технологија за користење на алтернативно гориво!

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Интервју со Наташа Бакреска, менаџер за животна средина во цементарница УСЈЕ каде што во моментов се реализира проект за примена на енергија во производниот процес која ќе се добива од фракции од отпад

(Разговараше- Верица Јорданова)

Веќе подолг временски период Цементраница УСЈЕ, почитувајќи го законскте процедури и обврските кои произлегуваат од A – Дозволата за усогласување со оперативен план, што ја поседуваме, се подготвува за воведување нова современа технологија која ќе овозможи одреден процент од класичните фосилни горива што ги користиме за загревање на печките за производство на цемент да биде заменет со алтернативни горива.

Моментално, во завршна фаза е монтирањето на опремата во која досега се инвестирани над 2,5 милиони евра, по што ќе почне и перидот на пробна работа, за што компанјата ги има обезбедено соодветните дозволи. Во почетниот период новата техологија ќе ни овозможи да замениме до 5% од вкупното класично фосилно гориво што се користи во производството на цемент, со алтернативно гориво кое се добива со преработка и соодветен третман на био-маса, како што се дрвени струготини и оризова арпа, како и отпадоци од текстил. Планираме во переспектива, новата технологија да ни овозможи да замениме и до 15% од сегашните фосилни горива со алтернативни.

Придобивките од ова се јасни: со употребата на алтернативните горива сакаме да ја намалиме употребата на необновливите фосилни горива, со што ќе придонесеме за намалување на емисиите на т.н. „стакленички“ гасови во атмосферата кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина кој научно е докажано нанесува штета на животот на целата планета и секако со тоа ќе ги намалиме нашите оперативни трошоци, што ќе ни овозможи да оствариме заштеди кои ќе ја зголемат нашата конкуретност и ќе ни овозможат нови инвестиции во одржлив развој, стабилност на работните места и нови вложувања во заедницата.

Овој начин на добивање енергија од отпад не е нешто ново за индустријата за цемент во светот. Објаснете ни зошто цементарниците се податни за ваков проект? Кажете ни примери од други земји? 

Употребата на алтернативните горива спаѓа во групата на еколошки технологиии (најдобри достапни техники) кои се користат во развиените индустриски земји и во Европската Унија веќе подолго од 30 години и претставуваат едно од најефикасните решенија за проблемот со ширењето на депониите за отпад. Во моментов 42% од вкупниот отпад во земјите на ЕУ се рециклира за да може да се користи како алтернативно гориво, со тенденција овој процент до 2030 година да достигне до 65%. Според проценките, рециклирањето на отпадот и неговото користење како алтернативно гориво ќе отвори 580.000 нови работни места во ЕУ. Најнапредна во користењето на алтернативните горива е Германија, која започнала со користење уште во 1987 година, а минатата година употребата на алтернативни горива во цементарниците во Германија изнесува над 65%.

Науката и досегшната практика докажале дека цементарниците се најпогодни за употреба на алтернативните горива, заради специфичниот, стабилен и континуиран технолошки процес на проиозвдство на цемент.  Во печките се постигнуваат високи температу до 2000 степени целзиусови, се овозможува целосно согорување на горивото, а пепелта по согорувањето се вградува во финалниот производ. На тој начин не се создава никаков дополнителен отпад или загадување на животната средина.

Кога очекувате да стартувате со оваа иновација во цементарницата и каков отпад ќе користите за истата со оглед на тоа дека самите како индустрија не генерирате отпад? 

Сеуште не е одреден точниот термин за почеток на примената на оваа нова технологија во Цементарница УСЈЕ. Ние не брзаме. Ги правите сите неопходни и темелни подготовки за да се осигураме дека се што е поврзано со користењето на алтернативните горива ќе биде по највисоки стандарди. Во овој процес ги користиме најдобрите светски искуства, стручно знаење и докажано ефикасни технологии. Што се однесува до видот на алтернативопто гориво што ќе го користме, би сакала да бидам јасна дека не може секаков вид отпад да се користи како алтернативно гориво. За да може да се корисити за таа намена, отпадот мора претходно да се селектира, да се провери и преработи, со цел да задоволи претходно дефинирана спецификација за квалитет. Задоволувањето на специфични барања за квалитет е многу слично како и при користење на конвенционални горива. За тоа постојат специјалнизрани постојки кои вршат соодветна подготовка на алтернативното гориво за да може тоа безбедно да се користи и со тоа да се постигнат позитивните ефекти врз животната средина, затоа што е докажано дека емисиите од овие горива се многу пониски од оние кај класичните енергенси.

На прагот сме на нова грејна сезона и загриженост околу загадувањето во Скопје. Кажете ни каков систем на прочистување користи Усје и каков мониторинг на параметрите применувате? 

Најнапред би сакала да бидам јасна и децидна – Цементарница УСЈЕ не го загадува воздухот. Тоа го покажуваат сите мерења кои континуирано, 24 часа, 365 дена во година се прават од независни извори. Резултатите од мерењата на сите емиисии во воздухот од технолошките процеси во УСЈЕ се далеку под законски доволените гранични вредности во Македонија, но и под вредностите кои важат во Европската Унија, а кои се построги. Ваквата состојба е резултат на постојаните заложби и обемните инвестиции во нови технологии, опрема и воведување на процедури и еколошки стандарди, во што УСЈЕ секоја година вложува помеѓу еден и два милони евра.

Во изминатите две децении вкупните инвестиции во технологии и опрема поврзана со заштитата на животната средина надминуваат 40 милиони евра. Меѓу позначајните инвестиции кои придонесуваат за заштита на животната средина е набавката и вградувањето најсовремени филтри кои овозможуваат задржување на сите честички прашина и гасови внатре во самите технолошки постојки, односно спречуваат тие да го загадат воздухот, водата и почвата во потесната и пошироката околина на фабриката.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!