Секој што се надева дека ќе се вработи оди на интервјуа за работа и знае колку може да бидат тие напорни и напнати. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат на желбата на работодавецот да ве ангажира токму вас за таа работа. За да не мора со денови и недели за размислувате за тоа како сте поминале на интервју, обрнете внимание на неколку знаци во текот на самиот разговор.
1. За почеток, обрнете внимание на движењето на лицето и на телото. Ако тој што ве интервјуира одржува контакт со очи, непосредно се навалува напред или се насмевнува, веројатно имате добри шанси дека сте му се допаднале.
2. Потоа, обрнете внимание на начинот, на тонот и содржината на разговорот. Ако разговорот се продлабочи и вашите теми не се однесуваат само на работата, исто така е позитивен знак.
3. Добар знак е и кога личноста што ве интервјуира го насочува целото внимание кон вас и не дозволува да ја прекине некој телефонски повик, имејл или порака. Со тоа индиректно покажува интерес за вас и за тоа што го зборувате.
4. Кога работодавецот искрено е заинтересиран за вас, често ќе побара мислење од другите, било да се шефови, вработени и сл. Исклучително добар знаек е кога ве запознае со колегите, што им дава можност и на другите да ве проценат, а вие така од прва рака да се запознаете со начинот на работа.
5. Уште еден позитивен знак е кога ве прашува кога се во можност да почнете со работа и дали сте подготвени.
6. Знак дека работодавецот ве сака токму вас во својот тим е кога разговарате за платата и останатите карактеристики на работата.
7. Секако, внимавајте на одговорите кои ги давате и како ги формулирате затоа што работодавецот навистина го слуша тоа што го зборувате.
Она што секако може да ве охрабри на крајот на разговорот е цврстото стискање на раката и широката насмевка. Иако тоа може да значи само дека работодавецот е пријателски настроен, најголем дел од работодавците со топлиот поздрав откриваат наклоност кон вас. Сепак, дури и кога ќе ги забележите сите горенаведени знаци, останете смирени и професионални, особено по завршувањето на разговорот, затоа што впечатокот кој го оставате кога се поздравувате сигурно ќе се цени.