Намалените жетви на јачменот поради климатските промени негативно ќе влијаат на индустријата за пиво во наредните децении. Јачменот е најбитен елемент од производството на пиво, а едно ново истражување покажува дека приварите ќе се соочат со проблеми во иднина.
Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалак во светот, а консументите исто така се засегнати од ова истражување бидејќи тоа значи дека ќе скокнат цените на пивото барем двократно. Недостигот од јачмен е предизвикан од суровите климатски промени поради глобалното затоплување. И топлотните бранови и големите суши се очекува да ја десектуваат пиварската индустрија во втората половина од овој век. Се предвидува дека секои 2-3 години ќе има суша или тополтни бранови и имајќи го предвид покачувањето на просечните температури, експертите велат дека падот на производството на оваа житарка е неизбежен.
Истражувањето покажа дека проблемите на оваа индустрија нема да бидат ништо во споредба со другите предизвици со коишто ќе се соочи планетата. Меѓу нив се проблемите со недосгит од храна, негостиг на вода за пиење и штетите предизвикани од природни непогоди. Сепак, падот на производството на јачмен за 3%-17% е многи страшна вест за многу љубители на пивото.
Кина ќе се соочи со најголем недостиг од пиво во текот на ова столетите, а САД е на второ место. Поизводството на пиво во Германија и во Русија исто така ќе помине лошо, но Ирска, Италија, Канада и Полска ќе имаат најголемо покачување на цените на пивото. Во Ирска, на пример, од каде што потекнува популарната култура на правење пиво, половина литар пиво наместо досегашните 2,5 долари ќе чини дупло , – 5 долари.