Винчини почна да извезува во Јужна Кореја

- Advertisement -

Покрај многубројните држави во кои извезува, Макпрогрес започна со извоз и во Јужна Кореја.  Нова земја каде потрошувачите може да вкусат од македонските производи на Винчини. Овој успех се должи благодарение на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.

Јужна Кореја е последната земја на светската извозна мапа на Макпрогрес Виница, која во моментов своите препознатливи брендови ги пласира во преку 55 држави во светот.

- Advertisement -

„Со денешниот амбиент за раст и развој на бизнисот, како и променливоста на пазарните услови или ќе одберете да се развивате, да растете и да одите напред, освојувајќи нови пазари или ќе се движите наназад. Макпрогрес отсекогаш се охрабрувал на чекори и остварува деловни предизвици кои возбудуваат и нудат пласман на пазари со економски текови сосема различни од локалните“ – изјавиja од извозниот сектор на Макпрогрес доо Виница.

- Advertisement -

Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на  една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Сподели!
- Advertisement -