Кинески HaiDiLao International Holding, еден од најголемите синџири ресторани во Азија, ќе соработува со јапонскиот гигант Panasonic за во својот нов ресторан во Пекинг да вработи само роботи. Таму роботите ќе ги примаат нарачките, ќе приготвуваат сурово месо и зеленчук и ќе ги носат до чиниите супа пред гостите.
Во рестораните на HaiDiLao гостите можат да изберат од повеќе видови супа како основа и потоа да изберат што ќе додадат во супата – месо, зеленчук и други додатоци. Со користење роботи за приготвување и служење на храната од компанијата велат дека ќе ги намалат трошоците и ќе ја подобрат ефикасноста.
Овој потег доаѓа во време кога HaiDiLao размислува за глобално ширење со повеќе од 5.000 нови локации во светот. Компанијата верува дека доколку почнат со автоматизација на работата, полесно ќе ја остварат таа амбициозна цел. Инвестицијата во роботите ќе чини 20 милиони долари.