Нашиот мозок е непресушен извор на безбедни лозинки, но во иднина веројатно нема да треба да паметиме ниедна лозинка. Лозинките и ПИН-овите со букви и бројки се релативно лесни за хакирање, тешки за паметење и генерално, небезбедни
Биометриката го зазема нивното место со отпечатоци, препознавање лице и скенирање на зеници. Тие се побезбедни затоа што потешко се лажираат, но имаат една клучна злаба точка – не можат да се ресетираат ако некој ги хакира. И биометриските податоци се подложни на хакирање. Во 2015 година, на пример, беше провалена базата со отпечатоци од прсти на 5,6 милиони вработени во државните институции во САД. Таквите вработени не треба да користат отпечатоци за пристапување до кој било уред, било да е тоа личен и на работа. Во иднина можеби некој ќе успее да направи фотографија која ќе помине кај скенерите за лице или за зеница.
Тим од научници измисли нов вид биометрика која е уникатна за секој чоевк и може да се ресетира по потреба. Кога еден човек гледа во некоја фотографија или слуша некоја музика, неговиот мозок реагира на начин кој медицинските професионалци или научниците можат да го измерат со електрични сензори поставени на черепот. Научниците открија дека мозокот на секој човек реагира поинаку на надворешни стимуланси, па дури и ако двајца гледаат иста фотографија, нивната мозочна активност е сосема различна.
Тој процес е автоматски и несвесен, па не може да се контролира реакцијата. Освен тоа, секој пат кога човек гледа една иста фотографија, мозокот реагира на ист начин, но поинаков од сите други луѓе. Таквата мозочна активност е лозинка од иднината. Исто како што лозинките се побезбедни ако вклучуваат повеќе различни букви, бројки и знаци, мозочната лозинка е побезбедна ако содржи мозочна активност која се создава при гледање повеќе различни слики. За да се постави лозинката, луѓето ќе мора кога доаѓаат на работа да се идентификуваат на поинаков наќин – или со пасош или со друг документ за идентификација.