Авиолинија Скопје – Атина од четврток

- Advertisement -

На Скопскиот аеродром в четврток во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летови меѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија Aegean Airlines, најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и во Охрид. На новата авиолинија, согласно со зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Aegean Airlines ја најави линијата во октомври минатата година, а авионското поврзување меѓу двата града се случува по повеќе од 10 години. Претходно, од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато.

Сподели!
- Advertisement -