Иновации во Македонија ќе има кога корпорациите ќе соработуваат со стартапи

- Advertisement -

Македонија е оценета како неиновативна земја, со развој зад соседните земји, и далеку зад Европската Унија каде технолошкиот развој е поддржан со зголемено инвестирање во стартапи преку VC фондовите. Засега 2018-та е на пат да го постави рекордот со 18 милијарди долари инвестиции од venture capital (VC) фондови инвестирано во ЕУ стартапи и технолошки компании. Причината е што стартапите можат да тестираат побрзо од традиционалното истражување и развој и да се адаптираат на преносливоста на новите технологии и навиките на корисниците.

Како да се биде иновативен и зошто се инвестира во стартапи е темата на овогодинешниот Global Entrepreneurshup Week Skopje, настан организиран од Startup Macedonia, со поддршка на USAID BEP, Swiss EP, МАСИТ, ФИТР и Fitbit Innovation. Медиумски спонзори се IT.mk и Иновативност.мк.

- Advertisement -

„Сите знаци – глобални и локални трендови – покажуваат дека корпорациите се повеќе ја даваат својата подршка на стартап екосистемот за да овозможат забрзан раст и иновација и ги гледааат стартапите како природен парнер за соработка. Со таа цел на овој GEW настан поканивме Експерти кои ќе споделат неколку успешни приказни и модели за како локалните бизниси да воспостават соработка со стартапите со цел да остварат заеднички интереси“, вели Игор Маџов од Startup Macedonia.

Но, што се случува во Македонија? Трендот на зголемена инвестиција е присутен и тука каде е значајно зголемена свеста за инвестирање во ризични компании и компании со висок потенцијал за раст.

- Advertisement -

Регионалниот VC  фонд  South Central Ventures инвестираше над 4 милиони евра во 5 стартапи од Македонија и преку 15 милиони евра во регионот. Една од нивните најуспешните македонските инвестиции Cognism доаѓа во соработка големата софтверска компанија Netcetera а забележани се значителни соработки на стартапи со компании како ЕВН, ИскраТел, ЈП Морган, Вип Оператор и Македонски Телеком и други. Значаен удел игра и Фондот за иновации и технолошки развој на иновации кој инвестираше 2,3 милиони евра во 52 стартапи и технолошки компании во три години.

И покрај позитивното зголемување на инвестиции во иновативни технолошки компании, сепак се забележува средина каде што стартапите и локалните технолошки компании не соработуваат доволно, иако постојат можности за заедничи проекти. Истражувањето Connecting the Macedonian Startup Ecosystem го идентификуваше тоа како проблем кој може едноставно да се реши со вмрежување на двата сектори кои имаат заедничка цел – да донесат иновација која ќе има финансиски резултати.

- Advertisement -

Засега на GEW Skopje 2018 како гости се најавени Кои Шимада од IBM Innovation, Јоуко Ахванениен, директор на GrowVC, Рарес Флореа, директор на FITbit CEE, Матеја Лавриќ од Kolektor Ventures, Ферух Гуртас од Innovation Programs at INTEL for MENA region,  и Татјана Забасу Микус, партнер во South Central Ventures… говорниците доаѓаат со намера да го претстават корпоративната иновација како идеја што може да донесе бенефит на целиот бизнис сектор.

„Избравме специфични говорници кои не само што се експерти во своето поле, туку зад себе имаат и очигледни резултати. Сакавме да дојдат во Македонија и да ни ги пренесат своите искуства од проктите што работеле – што најчесто вклучуваат успешно интегрирање на стартапи и иновативни продукти во корпоративна околина. Ги покануваме сите кои се заинтересирани да придонесат кон поиновативна бизнис средина во Македонија да дојдат на GEW 2018”, вели Симона Чаминска, представник на Global Entrepreneurship Network во Македонија.

GEW Skopje 2018 се одржува на 14-ти ноември во Јавна соба. Настанот е дел од Global Entrepreneurship Week иницијативата преку која се слави иновативноста во 170 земји ширум светот.

Сподели!
- Advertisement -