СЗО: Тетово и Тузла се меѓу најзагадените градови во Европа

- Advertisement -
Обемната студија, „Квалитет на воздухот во Европа 2018“ на Европската агенција за животна средина и официјално ја рангираше Македонија како земја со најзагаден воздух во Европа. Генералната оценка за ервропските земји е дека нивоата на загадување полека се подобруваат, но се уште се под стандардите кои ги имаат поставено Европската Унија и Светската здравствена организација. Наодите се базираат на податоци од 2015 година од повеќе од 2.500 локации.

„Загадувањето на воздухот е невидлив убиец и ние треба да ги засилиме нашите напори за решавање на причините. Регионите со најлоши нивоа на PM 2.5 се Бугарија, Полска и Словачка. Други европски земји над границата на загаденост се Хрватска, Србија, Албанија и Босна. Македонија е најлоша од сите земји во Европа“ , изјави Ханс Бруни-директор на ЕЕА

Тетово и Тузла, индустриски град во Босна и Херцеговина се најдоа меѓу 10-тте најзагадени градови во Европа. Информацијата ја пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на студијата за 2018 година, спроведена од Светската здравствена организација.

- Advertisement -

Рангирањето е направено врз основа на концентрацијата на отровни честички во воздухот. Во извештајот се наведува дека загадувањето, меѓу другото, е резултат и на употребата на јаглен за потребите на индустријата, но и на домаќинствата.

„Постојат бројни докази дека токсичниот воздух не убива сите нас и не постојат никакви оправдувања со кои се штитат владите на државите дека направиле максимум, но нема ефект. Мерките мора да бидат најригорозни и да се спроведуваат веднаш. Во спротивно, цената што ја плаќаме е огромна, астма, белодробни заболувања, мозочни удари, карциноми, смртни случаи. Сметам дека имаме голем број причини зошто мора да делуваме веднаш“, потенцираше Марија Нера-директор на Светска здравствена организација

- Advertisement -

Проценетиот број на предвремени смртни случаи годинава е зголемен за разлика од претходните податоци, во кои загадувањето на воздухот предизвикало околу 476.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2013 година. Околу 422.000 луѓе прерано починале во европските земји во 2015 година поради изложување на штетни нивоа на фината честичка PM 2.5.

Сподели!
- Advertisement -