Падот на популацијата на многу видови диви животни е постојан потсетник за ограниченоста на ресурсите на планетата Земја. Од 1970 до 2014 година популацијата на диви животни на Земјата се намалила за 60%. Според Марко Ламбертини, генерален директор на World Wildlife Fund (WWF), човештвото се соочува со еден битен избор – дали да ја заштити планетата и да го смени односот кон природата или да ја пропушти таа шанса.
Многу внимание се посветува на проекти за заштита на китови, за следење на сечењето на шумите во Амазон, за зголемување на популацијата со панди во светот. Но, проблемот е многу подлабок, се вели во најновиот извештај на WWF. Во извештајот се наведува економскиот придонес, односно монетарната вредност на природата за да се поттикне народот на зачувување на животната средина. Според Living Planet Index 2018, вредноста на природата на Земјата во моментот изнесува 125 трилиони долари.
Тие направиле посебна рамка според која може да се процени вредноста на природата и тоа не значи само броење долари. Предвид се зема и вредноста според индексот Living Planet Index. На пример, Големиот корален гребен придонесува со 5,7 милијарди долари во економијата на Австралија и овозможува вработување на 69.000 луѓе, додека економската вредност на природното богатство во Северна, Централна и Јужна Америка има вредност 24 трилиони години годишно, се вели во извештајот. Тоа е речиси исто колку и БДП на тој регион.
„Ова покажува дека додека природата ја цениме поради стоките и услугите кои ни ги дава како што се храна, заштита од поплави и многу други, исто така има богата социјална, културна, духовна и религиозна вредност, која треба да ја земаат предвид креаторите на политики. Потребно е да се преземе координирана итна акција за да се забави и да се спречи уништувањето на основата на животот на Земјата“, се вели во извештајот.