Смеењето можеби е половина здравје, но културата исто така може да придонесе за нашата добросостојба. Токму тоа се крие позади најновата иницијатива во Монтреал, Канада, каде што докторите ќе можат да препишуваат бесплатни посети на музеи за пациенти со различни здравствени проблеми од депресија и дијабетес до некои хронични заболувања.
„Сега е 21 век и културата денес е она што беше физичката активност во 20 век“ предвидува Натали Бондил, директорка на Музејот на современа уметност во Монтреал. Иновативната институција веќе е фокусирана на уметност и благосостојба. Програмата е наречена The Art Hive. Сега музејот соработува со Médecins Francophones du Canada, асоцијација на доктори кои зборуваат француски и им овозможува на докторите да препишуваат лекување со уметност.
„Има повеќе научни докази дека лечењето со уметност е добро за дравјето на луѓето. Тоа го зголемува нивото на кортизол и нивото на серотонин или хормонот на среќата. Ние излачуваме хормони кога посетуваме некој музеј и тие хормони се одговорни за нашето здравје“, велат од асоцијацијата.
Докторите додаваат дека уметноста има сличен позитивен ефект како и вежбањето. Од 80-тите години тие препишуваат вежбање затоа што знаат дека вежбањето ги излачува истите хормони. Но, сега е познато дека и посетите на музеј можат да го подобрат општото здравје на луѓето од сите возрасти и е одлична алтернатива за сите што не можат или не сакаат да вежбаат.
Посетувањето музеи може да им помогне и на луѓе со физички и на луѓе со психички проблеми. Музејот ќе дозволи докторите да препишуваат до 50 бесплатни посети годишно за еден пациент и за тој што се грижи за него. Секој рецепт може да го искористат максимум двајца возрасни и две деца помали од 17 години. На тој начин „културната терапија“ нема да им помогне само на тие што веќе се болни, туку ќе дејствува и како превентивна грижа кај тие што ги придруваат.