Водете го своето куче со вас на работа – еве како може да ви помогне

- Advertisement -

Луѓето коишто имаат домашни миленичиња знаат колкава љубов добиваат од нив, па затоа и тешко се одвојуваат од нив и настанува проблем кога треба да се оди на работа. Вашето куче може да биде многу повозбудено од вас кога ќе тргнете на работа наутро, па тоа може и вам да ви го подигне расположението. Секако, тоа сигурно се должи на фактот дека неговите обврски во канцеларија се излежување на подот, повремено излегување во двор, јадење храна и џвакање играчки. Од друга страна, вие сте „залепени“ за компјутер, имате состаноци, водите записници и одговарате на стотина мејлови дневно. Па, како кучето може да ви помогне на работа.

Пред се, ве охрабрува да се одвоите од столот одвреме навреме, да одите на пауза, ужина, ручек, дури и до кафуле, ако имате толку време. Кога ќе ја смените средината, сами ви доаѓаат новите идеи. Затоа прошетката до кафуле не ја сфаќајте здраво за готово.

- Advertisement -

Се прашувате каква врска има тоа со работата и лидерството? Продуктивноста се зголемува кај луѓето кога се тука нивните миленичиња. Како што пишува Forbеs, повеќе од 40% од миленијалците би сакале да работат во свредина која прифаќа кучиња на работа.

Факт е дека кучињата можат да имаат многу битна улога на модерното работно место од повеќе причини. Тие им помагаат на вработените да останат здрави и да применуваат нови навики. На подлабоко ниво, помагаат во ублажување на стресот поврзан со кариерата и секојдневните работни обврски. Покрај тоа, навистина можат да помогнат кај луѓето со аутизам. Исто така, го промовираат тимското поврзување, смеењето и генерално забавната атмосфера.

- Advertisement -

Она што е најбитно од се во свет во кој се повеќе доминира технологијата е дека кучињата немаат екрани, кабли и полначи. Тие не се дружат на социјални мрежи, не испраќаат извештаи онлајн во секој момент. Кучињата никогаш не чуле за алгоритми, апликации или вештачка интелигенција. Кучињата не сакаат да ви ја украдат работата, иако можат да бидат најдобри соработници во вистинска смисла на зборот. На крајот, кучињата дозволуваат да бидете она што навистина сте – човек. Во последно време тоа е и повеќе од доволно.

Сподели!
- Advertisement -