Од денеска до 7 ноември во Босна и Херцеговина се одржува третиот Регионален форум за иновација, технологија и претприемништво – „Sarajevo Unlimited 2018“, на кој ќе учествува и македонска делегација предводена од директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски
Тој ќе ги претстави мерките и активностите кои ги презема државата за зголемувањето на економскиот раст преку поддршка на успешни иновативни бизниси.
„Sarajevo Unlimited 2018“ претставува прв регионален форум за иновација, технологија и претприемништво, а целта на настанот е создавање платформа која ќе ги претстави и акцентира успешните приказни на она што веќе е постигнато во регионот во однос на имплементирање на иновациите во образованието и бизнис еко-системот, но и поефикасно поврзување на инвеститорите, пазарите и релевантните институции.
Во рамките на третото издание на фестивалот ќе се одржи и посебна конференција за Кина и земјите од Централна и Источна Европа насловена како „16+1“. Во рамките на оваа конференција, високи претставници од единаесет земји од Европската Унија и пет балкански земји ќе остварат средба со цел да ја промовираат соработката на полето на иновациите, технологијата, науката и претприемништвото.
Се очекува повеќе од 400 странски делегати да го посетат форумот, вклучувајќи и претставници на владини институции, корпорации, универзитети и истражувачки центри, како и креативни хабови.