Бил Гејтс: Роботите кои ќе им ја земат работата на луѓето треба да плаќаат даноци!

- Advertisement -

Роботите им ја земаат работата на луѓето. Милијардерот Бил Гејтс верува дека владите треба да ги оданочуваат компаниите кои ги користат како начин барем привремено да се забави ширењето на автоматизацијата и да се финансираат други типови вработување. Ова моќна изјава на еден од најбогатите луѓе во светот и техно-оптимист кој го основаше Microsoft, една од водечките компании на полето на технологијата за вештачка интелигенција.

Во неодамнешно интервју Гејтс изјави дека данокот за роботи може да ги финансира работните позиции од типот на негуватели за стари лица или грижата за деца во училиштата, за кои има голема потреба и за кои луѓето се особено погодни. Тој тврди деак владите мора да ги надгледуваат таквите програми со цел да им се помогне на луѓето со ниски примања. Идејата не е толку теоретска – креаторите на политики во ЕУ размислуваа да воведат данок за роботи со цел да плаќаат за обуки за работниците кои ќе ја изгубат својата работа, но беше одбиен предлогот.

- Advertisement -

„Мора да се покачи данокот за да се забави брзината на автоматизацијата“ додава Гејтс. Тоа е така бидејќи истовремено се случува воведување нова технологија и замена на луѓето со машини на многу работни позиции, па битно е да се менаџираат тие промени. Некои од работните места во наредните 20 години ќе ги вршат роботи.

Во интервјуто Гејтс тврди дека во иднина дефинитивно ќе има даноци за автоматизација. На пример, сега некој човек што врши работа вредна 50.000 долари во фабрика плаќа даноци за својот приход. Доколку робот го замени човекот, логично е да плаќа слични давачки.

- Advertisement -

„Луѓето наместо да се плашат што ќе донесат иновациите треба да бидат ентузијасти и да ги искористат за позитивни промени. Оданочувањето дефинитивно е подобар начин да се справат со тоа наместо да забрануваат некои иновации. Освен тоа, иновацијата може да се јави во секакви форми. Еден одличен пример е машина која прави хамбургери без воопшто да ги допрат човечки раце“ објаснува Гејтс.

Владите треба да имаат активна улога во решавање на проблемот затоа што компаниите не можат. Доколку сакате да се справите со нееднаквоста, треба многу да се направи за да им се помогне на луѓето со пониски примања. Тоа значи да се обезбедат подобри услуги за старите лица и повеќе да се инвестира во образовниот сектор. Најдобриот дел од оданочувањето ќе биде што ќе се добијат ресурси кои ќе можат да се искористат на вистински начин“, додава Гејтс.

Сподели!
- Advertisement -