Научници направија контактни леќи кои лекуваат повреди на очите

- Advertisement -

Во моментот кога некој има оштетена рожница или површина на окото, се покрива со мембрана направена од човечка плацента. Тоа помага да се лекува окото, но австралиски научник развива подобра алтернатива – контактни леќи кои ќе лечат повреди.

Мембраните имаат антивоспалителни ефекти и зацелуваат лузни, а содржат и фактори за раст кои поттикнуваат лекување на раните. Според професорот Демиен Харкин од Универзитетот за технологија на Квинсленд, тие квалитети се различни од примерок до примерок. Освен тоа, нема доволно донирани мембрани.

- Advertisement -

Токму тука стапуваат на сцена контактните леќи. Попрецизно, станува збор за склерални леќи, кои се поголеми терапевтски контакнти леќи кои формираат еден вид „сеф“ со солзи над корнеата. Внатрешната површина на леќата е обложена со лимбални мезенхимални стромални клетки, кои може да се добијат од ткива на очи од луѓе кои правеле трансплантација на корнеа. Тие клетки, тврди научникот, имаат подобри квалитети за лекување отколку амниотските мембрани и полесно се наоѓаат. 

„Нашата терапија многу повеќе ќе им помогне на пациентите кои имаат чиреви на корнеа и постојани дефекти на површината на очите кои не реагираат на конвенционална терапија. Новиот третман ќе може да биде дел од првичната терапија при лекување на акутни повреди на очите кои се здобиваат на работно место или дома при изложување на хемикалии, течности кои горат или преголема топлина.

- Advertisement -

Доколку поминат добро клиничките испитувања и се добие дополнително финансирање, леќите ќе може да ги користат пациентите за неколку години отсега.

Сподели!
- Advertisement -