Овој ТВ водител ќе работи 24 часа дневно, цела година и без годишен одмор

- Advertisement -

Кинеската новинска агенција Xinhua пронајде решение за да ги намали трошоците за новинарите, односно за телевизиските водители и да ја зголеми ефикасноста. Во соработка со кинескиот пребарувач Soguo го развија првиот телевизиски водител со вештачка интелигенција во светот. Направија две верзии – едната е за кинескиот пазар и едната е водител со вештачка интелигенција кој зборува англиски јазик, а се базирани на вистински луѓе, односно водители.

Виртуелниот водител стана дел од новинарскиот оддле на агенцијата која чита вести вести за фоицијалната интернет-страница и за социјалните мрежи, а за него работното време не е проблематично затоа што може да работи 24 часа дневно цела година, без годишен одмор. Се што е потебно е да се уфрли текстот во компјутер и софтверот ќе го изговори ток текст, при што ќе се стартува ликот и устата ќе го следи изговорениот збор, па искуството ќе биде исто како со вистински луѓе, иако неговиот глас е благо роботски, па ќе биде јасно дека не е вистински човек.

- Advertisement -

„Водителот“ неуморно ќе работи на информирање на луѓето и ќе чита се што ќе му се стави во системот. Што мислите – би му верувале ли на ваков водител?

Сподели!
- Advertisement -