Озонската обвивка конечно почна да заздравува и целосно ќе се поправи до 2060 година

- Advertisement -

Конечно добри вести за животната средина. Обединетите нации објавија извештај во кој се вели дека озонската обвивка почнува да се поправа. Доколку продолжи сегашната стапка на заздравување, делови од озонската обвивка може целосно да заздрават до 2030-тите години. Целосната обвивка, дури и најлошо оштетените делови над Северниот и Јужниот пол, ќе бидат целосно заздравени до 2060 година.

Истражувањето Scientific Assessment of Ozone Depletion: 2018 е последниот од серија извештаи кои Обединетите нации ги прават секои четири години. Годинава извештајот покажува дека озонот заздравува со постојана стапка од 1% до 3% од 2000 година досега.

- Advertisement -

Во изминатите неколку децении луѓето направија голема штета на озонската обвивка, која ја штити Земјата од штетните ултравиолетови зраци на Сонцето. Но, преку глобални договори како што е протоколот од Монтрњал 1987 година, луѓето имаат преземено повеќе чекори кон заздравување на обвивката. Протоколот ги обврзува земјите да ја намалат употребата на хлорофлуоркарбонати и други хемикалии кои ја оштетуваат обвивката.

Според научниците, доколку не биле преземени такви мерки, до 2065 година ќе биле уништени две третини од обвивката. Во 2019 година протоколот од Монтреал ќе биде засилен со амандманот Кигали, со кој ќе се пристапи на климатските промени со контролирање на употребата на стакленички гасови од клима уредите и фрижидерите.

Сподели!
- Advertisement -