Ford навести иднина во која нема да има семафори

- Advertisement -

Замислете свет во кој на крстосниците нема да има гужви и чекање на црвено светло и единствената причина за да запрете ќе биде кога ќе пристигнете на саканата дестинација. Ford тестира нова технологија која ќе помогне да се реализира ваквата иднина. Идејата за технологијата доаѓа од начинот на кој луѓето маневрираат низ сообраќајот на крстосници – забавување или забрзување за да не дојде до судир или застој.

Проектот се вика Intersection Priority Management (IPM) и е едел од програмата UK Autodrive. Целта е возачите да возат без застанување и да нема сопирање на крстосници. Така ќе се олесни текот на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста и ефикасноста.

- Advertisement -

„Знаеме дека крстосниците и семафорите им одат на нерви на многу возачи. Со технологијата за конектирани автомобили која ја тестираме целта ни е да создадеме свет во кој возилата ќе бидат свесни едни за други и за нивната околина, па ќе се овозможи интелигентна соработка на патиштата и на крстосниците“, велат од Ford.

Не се крстосниците само секојдневна фрустрација за возачите, туку на нив се случуваат и 60% од сообраќајните незгоди. Освен што ќе заштедува на време, возењето без застанување  ќе троши и помалку гориво, нема да се трошат кочниците итн. Просечниот возач годишно поминува по два дена во чекање на црвено светло на крстосница.

- Advertisement -

IPM системите на Ford кои се поставени во возилата можат да препознаат кога се доближуваат до крстосница и да ја предвидат траекторијата на другите возила кои им се приближуваат. Потоа ќе предложат оптимална брзина за да може да се разминат без никакво проблем. Автономните возила исто така ќе имаат корист од оваа технологија. Интегрирањето на ваква технологија во нив ќе значи дека во иднина нема да има потреба ни од семафори ни од сообраќајни знаци.

Оваа програма на Ford чини околу 23 милиони евра. Во текот на тестовите кои ќе траат две години ќе бидат претставени повеќе еементи на новиот систем како што се Intersection Collision Warning, односно програма која предупредува на потенцијални судири како што се приближувате до крстосница и Green Light Optimal Speed Advisory (GLOSA), која им помага на автомобилите да ја синхронизираат брзината со сообраќајот за да не мора да застанат на црвено светло. Потоа тука е и Collaborative Parking, која со помош на краудсорсинг прави мапа со слободни места за паркирање и Emergency Vehicle Warning, која ги известува возачите за локацијата и растојанието до возилата за брза помош по патот.

Сподели!
- Advertisement -