Кинезите до 2025 година ќе купуваат половина од луксузната роба во светот

- Advertisement -

Кинеските потрошувачи ќе останат движечка сила на пазарот за луксузни производи, се наведува во денес објавената студија на консултантаката куќа Bain, која покажува дека до 2025 годинаќе учествуваат со речиси 50% во глобалното купување луксузна роба.

Кинеските купувачи за само шест години ќе имаат удел од 46% во светската продажба на луксузна стока, чија вредност според проценките ќе изнесува околу 365 милијарди евра. Минатата година кинеските жители имале удел од една третина во светската продажба на облека, аксесоари и козметика.

- Advertisement -

Според Bain, се проценува дека продажбата на луксузна роба годинава ќе забележи раст од 2,0% на 260 милијарди евра. Тука спаѓаат луксузната уметност, дизајнот и декорацијата. Меѓутоа, кога ќе се земат предвид и луксузната роба и луксузните услуги, се очекува дека пазарот ќе порасне за 5,0%, на 1.200 милијарди доклари на светско ниво.

Исто така, се предвидува зголемување на продажбата на луксуза роба во Кина за 18%, на 23 милијарди евра. Во Европа и во Америка, двата најчести пазари за брендирана стока, не се очекуваат промени поради силните валути изминатата година, така што продажбата ќе се задржи на истото ниво од 84 милијарди евра, односно 80 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -