14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Илијанчо Гаговски: Placeformer е алатка со глобален потенцијал за брзо истражување на пазарот!

Kabtel desktop

PrymApps е македонска компанија основана 2013 година од тројца партнери со долгогодишно искуство во ИТ индустријата. Главниот фокус на компанијата е развивање cloud базирани апликации со кои се стремат на глобалните пазари. За производите на оваа иновативна компанија и нејзините плановии разговараме со Илијанчо Гаговски!

Концептот за развој на компанијата е формиран околу две идеи – од стратешки аспект, PrymApps е продуктно ориентирана компанија, а од технолошки аспект, нашиот фокус е на развивање cloud базирани апликации. Првата определба значи дека не се занимаваме ниту со outsourcing, ниту со систем интеграција, туку со развој на сопствени производи, според нашите согледувања на пазарот. Технолошки, определени сме за развој на cloud платформата на Мајкрософт – Azure. Временски, ваквата определба значи дека сме подготвени на долг инвестициски циклус, кој на среден рок треба да донесе присуство на глобалниот пазар и соодветни заработки. Имаме два производи, Placeformer и BreezeHRM. Placeformer е платформа за crowrwsourced market research data collection, додека BreezeHRM, кој го развиваме со два партнери од Словенија и Србија, е платформа за менаџирање со човечки ресурси.

Наградата од ФИТР ја добивме за Placeformer, производ за кој добивме и финансиски средства од Фондот во нивниот прв повик. Идејата на Placeformer е да се овозможи на поголем број на компании да направат сопствено истражување на пазарот, на тој начин што тој процес ќе го поедноставиме и поефтиниме. Во моментов, само големите компании можат да си дозволат да направат посериозно итражување на пазарот. Со Placeformer, идејата е секоја компанија да може да ангажира истражувачи кои се подготвени да излезат во реалниот свет и да добават информации кои можат да се најдат само ако сте физички присутни на терен, а не можат да се најдат преку обично пребарување на интернет. Притоа, нашата платформа овозможува, преку geo-tagging,  нарачателот да биде сигурен дека истражувачот навистина бил на местото и во времето каде и кога тврди дека го прибрал податокот.

  • Дали оваа алатка веќе се применува во пракса?

Во моментов оваа платформа активно се користи од македонската канцеларија на УНДП за две нивни истражувања, а од комерцијалниот сектор активно се користи од еден македонски производител на храна и од еден производител на вино. Првите искуства ни говорат дека платформата е едноставна  и дека корисниците се задоволни од нејзиното користење. Исто така, добиваме и многу корисни забелешки за можни нови функционалности на платформата, кои веројатно ќе станат дел од една од следните надградби на Placeformer.

Placeformer е наменет за компании кои сакаат да направат брзо истражување на пазарот, но и за институции кои сакаат да приберат и споделат со јавноста податоци од јавен интерес, а притоа им е важна и географската распределба на феноменот кој го истражуваат. Пример може да биде производител на производи за широка потрошувачка кого го интересира како нивните производи се позиционирани во различни видови на продавници, па од тука да заклучат во кои области се подобро или полошо позиционирани и да направат соодветна корекција на дистрибутивните шеми. Или, јавна институција можеби ја интересира во каква состојба се зелените површини во еден град, па ќе искористи мноштво истражувачи да дојде до ваквиот податок и врз онова на тоа да направи планови за својот пристап кон таа проблематика.

Во следната година ќе работиме наоѓање на партнер за глобално позиционирање на Placeformer, сега кога локално покажавме дека платформата е функционална и корисна. Очекувам дека за 2-3 години Placeformer би можел да биде позициониран во сите земји од ЕУ и во клучните пазари во развој надвор од Европа, како Африка и Југоисточна Азија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •