Научниците на 26-тиот состанок на Општата конференција за тежини и мерки, кој се одржа во Париз, изгласаа нов начин на кој ќе се дефинира килограмот, кој е основна единица за маса. Оваа промена се случи после 130 години, а променети се и дефинициите за ампер, клевин и мол, како и останатите изведенки од типот на волт, ом и џул.
„Досега дефиницијата за килограм се засноваше на прототипот на килограм, односно Големиот К. Тоа е валјак со висина од 39 мм и дијаметар од 39 мм, направен од 90% платина и 10% иридиум. Новата дефиниција отсега ќе се заснова на Планковата константа. Попрецизно, научниците масата од 1кг ја спротивставија на сила генерирана преку електрична енергија и таа сила ја изразија преку Планковата константа, чија вредност ја фиксираа со голема прецизност. Дефиницијата за мапер е поставена преку елиминирање на електричниот набој, за келвин преку Болцмановата константа, додека еден мол е дефиниран благодарение на Авогардо константата” објснуваат научниците.
Стабилноста на килограмот е од голема важност затоа што претставува темел за изведување многу други мерни единици. Меѓутоа, мерењата покажаа дека во последните сто години пракилограмот изгубил 50 микограми од својата тежина, што ги поттикна научницит да се обидат да развијат нова дефиниција за килограмот со помош на мала, непроменлива основна единица позната како Планкова константа.