Кинескиот производител на автомобили лансира девет сателити за автономно возење

- Advertisement -

Кинескиот Zhejiang Geely за прв пат успешно лансира девет сателити во ниската орбита на Земјата за да се поврзе со сателитска мрежа и за да обезбеди попрецизна навигација за автономните возила.

Сателитите GeeSAT-1 беа лансирани во средата од центарот Ксичанг во Сечуан. Geely соопшти дека очекува да лансира уште 63 сателити во орбитата до 2025 година, и на крајот нивното соѕвездие треба да брои 240.

- Advertisement -

Така, Geely стана вториот најголем производител на автомобили во светот кој работи во вселената. SpaceX, во сопственост на извршниот директор на Tesla, Илон Маск, има повеќе од 2.000 сателити во орбитата за мрежата Starlink, која нуди комерцијални интернет услуги. Starlink планира да го зголеми нивниот број во мрежата од првата генерација на 4408.

Додека SpaceX лансира сателити со свои ракети, Geely ги лансираше во средата со ракета Long March 2C развиена и управувана од кинеската државна компанија. Да потсетиме, кинескиот Geely поседува многу познати брендови вклучувајќи ги Volvo, Lotus и Lynk.

- Advertisement -

Покрај обезбедувањето поддршка за прецизно позиционирање на автономните автомобили, Geely соопшти дека неговата мрежа ќе служи и за други комерцијални функции, како што е обезбедување комуникациски услуги на Азиските игри во септември.

Сателитите имаат животен век од пет години и ќе се распаднат во атмосферата на Земјата, што значи дека нема да се претворат во отпад во вселената, додава кинеската компанија.

- Advertisement -

Војската во Кина доминира во секторот на сателитски мрежи, но владата го отвори и за приватни инвеститори во 2014 година. Компаниите покажаа голем интерес, некои со поддршка од локалните власти, фокусирајќи се главно на изградба на сателити. Други се обидуваат да изградат мали лансери, вклучително и ракети за повеќекратна употреба.

Пекинг најави интегрирана мрежа на сателити за комуникација, далечинско согледување и навигација во својот најнов петгодишен план за 2025 година. Кина во моментов има повеќе од 400 сателити во вселената, вклучувајќи ги и оние во сопственост на комерцијални компании, објавија државните медиуми.

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -