Gacha е првиот автономен автобус во светот наменет за секакви временски услови

- Advertisement -

Компанијата Muji направи автобус кој е многу „покул“ од обичните автобуси. Минималиситчката јапонска компанија се здружи со финската компанија за автономни возила Sensible 4 за да го направи автобусот Gacha, автономен автобус кој  е првиот во светот кој е дизајниран да може да вози по секакви временски услови.

Muji го обезбеди автобусот и корисничкото искуство за да го дизајнира елегантниот надворешен изглед, а Sensible 4 ја обезбеди технологијата за автономно возење, вклучувајќи ја и навигацијата и детекцијата на пречки која може да функционира по голем снег, магла и пороен дожд, главно бидејќи тоа е честа појава во текот на долгите фински зими.

- Advertisement -

Sensible 4 тестирањето го вршеше во арктички Лапланд, бидејќи автобусот не планирале да стане комерцијално достапен додека не може да вози секаде и секогаш. „Ние ги развиваме овие возила со цел да станат дел од синџирот возила за секојдневен транспорт. Автономните возила нема да станат сеприсутни додека нивната технологија не стане погодна за сите клими“, вели Хери Сантамала, извршен директор на Sensible 4.

- Advertisement -

Автобусот ќе поче да вози по улиците во Хелсинки во март 2019 година и ќе превезува патници меѓу три фински градови во реален сообраќај. Веројатно една од постојките ќе биде новата продавница на Muji во Финска, која ќе  биде отворена во ноември 2019 година. Доколку тестовите одат според планот, компаниите ќе направат цела флота Gacha автобуси, која ќе почне да се продава во 2020 година, а ќе се вклучи во сообраќајот до 2021 година.

Сподели!
- Advertisement -