Првиот Starbucks во Србија ќе биде отворен во март во центарот на Белград

- Advertisement -

Синџирот кафетерии Starbucks својот прв локал во Србија ќе го отвори во март 2019 година во трговскиот центар Рајичева, на познатата улица „Кнез Михајлова“ во Белград. Доаѓањето на Starbucks на српскиот пазар првобитно беше најавено за крајот на оваа година, но љубителите на популарниот синџир кафетерии сепак ќе мора да почекаат до следната пролет.

Напролет идната година прилика да си го збогатат секојдневието со омиленото кафе ќе добијат љубителите на добриот шопинг во трговскиот центар Рајичева. Покрај шопинг искуството, кое е подобро од кој било друг шопинг или ресторан со најдобар поглед на градот, Рајичева наскоро на купувачите ќе им овозможи и уживање во пријатна атмосфера за која зборува целиот свет и повеќе од 87.000 комбинации на пијалаци кои можете да ги нарачате“ се вели во официјалното соопштение.

- Advertisement -

Во просек, Starbucks отвора две продавници дневно и во својот синџир моментално има повеќе од 28.000 продажни објекти во светот. Застапник за Starbucks во Србија е компанијата AmRest Holdings SE, односно најголемиот оператер со ресторани во централна Европа.

Сподели!
- Advertisement -