Потоп на најголемите компании на берза – изгубиле повеќе од трилион долари

- Advertisement -

Пред два и пол месеци пазарната вредност на Apple и Amazon беше поголема од милијарда долари и дел од аналитичарите најавија незапирлив раст и пораст на пазарната вредност. Ако ја погледнеме ситуацијата на берзата денес, ќе видиме дека работите радикално се промениле и пазарната вредност на Apple по вчерашниот ден беше околу 840 милијарди долари, додека Amazon е во уште полоша ситуација со пазарна вредност од 730 милијарди долари и веќе не се втората највредна компанија во светот, затоа што пред нив излезе Microsoft со вредност од 780 милијарди долари.

Големиот пад на вредноста не ги заобиколи ни другите големи технолошки компании. Вредноста на петте најпопуларни технолошки компаннии во светот заедно – Facebook, Amazon, Apple, Netflix i Google – падна за трилион долари во однос на неодамнешната најголема вредност на компаниите. Најолошо помина Amazon, чија пазарна вредност се стрмоглави за дури 280 милијарди долари, додека Apple и Facebook изгубија 253 милијарди долари.

- Advertisement -

Голем пад на вредноста забележа и Alphabet, чија вредност за неколку месеци се намали за 164 милијарди длари, додека Netflix помина најдобро од сите пет компании со пад на вредноста од 67 милијарди долари. Се чини дека уште не дошол крајот на негативниот тренд и дека Apple може да продолжи да тоне по информациите за намалената продажба на кинескиот пазар, а прашање е што ќе биде и со Facebook, кој годинава запаѓа од проблем во проблем – од скандалот со приватноста и хакирањето се до говорот на омраза и лажните вести. Компанијата на Цукерберг изгуби вкупно 40% од најголемата пазарна вредност, а по сите бројни медиумски написи, се чини дека имаат големи проблеми со управувањето со компанијата и со моралот на вработените, кој е на најниско ниво.

Сподели!
- Advertisement -