Компанијата Elan од Словенија направи скии на преклоп, кои ги тестираа словенечките војници и веќе се на пазарот за скијачи-натпреварувачи, а за две-три години ќе има и верзија за рекреативните скијачи. Во Elan годишно се произведуваат 400.000 пара скии, а словенечката компанија има удел од 8% на светскиот пазар. Наскоро ќе произведуваат уште повеќе иновативни скии на преклоп, што е новиот адут на Elan на пазарот.
Во октомври минатата година списанието Popular Science ги прогласи скиите на преклоп на Elan за најдобра иновација во категоријата спортска опрема. „Без оглед на тоа дали новите скии се преклопуваат на половина, кога скијате не забележувате никаква разлика затоа што одржуваат стабилност и линија како класичните. Иновацијата се крие токму во начинот на кој е направен тој дел каде што се преклопуваат“, велат од Elan.
Од Elan сакале да направат скии кои ќе бидат уште поблиски до корисниците, кои ќе ги следат глобалните трендови за што поголема мобилност, како и да овозможат подобро користење на дневната светлина или полесни комбинации на повеќе спортови во еден.
Кога скиите се преклопени на половина, пократки се од еден метар и лесно се транспортираат. До скијалиштето можете да дојдете со велосипед или со моторцикл. Ова се единствените скии кои може да се носат во багажникот на моторцикл. Тие проенуваат дека едноставноста на транспортот ќе привлече многу корисници во Кина, која интензивно се подготвува за Зимските олипмиски игри, бро отвора скијалишта и гради брзи железници. Дури и ако на скијање се оди со автомобил, кратките скии имаат предност затоа што едноставно се вклопуваат во багажникот и заземаат малку простор.
Освен инвестиции во развојот, за новите скии на Elan се инвестирало и во технологија. За склопување на скиите има посебна линија за монтажа на скиите. Во последните две години Elan е интензивно технолошки осовременета компанија. Во скијачкиот оддел имаат и нова линија за обработка на рабовите, која е најмодерна во оваа индустрија. Повеќе од 90% од приходите на компанијата се остварени на странски пазари како што се САД, Германија, Франција, Австрија и Канада. Годинава ја прошируваат родажбата и на други пазари: Скандинавија, Чешка, Словачка и Полска.