Oва се велешаните кои ја стартуваа Skill Up, aкадемија која едуцира идни македонски иноватори!

- Advertisement -

Зелената училишна табла не постои веќе. Добредојдовте во иднината. Во дигиталниот пејзаж кој брзо се развива, каде алгоритмите и бајтите беспрекорно се интегрираат во нашиот дневен речник, образованието на новите генерации е зрело за револуција. 

Ве поканувам да влезете во SKILL UP академијата за деца – формирана од група ИТ ентузијасти, кој не само што ги учи децата како да кодираат, туку фундаментално ја трансформира архитектурата на раното образование. 

- Advertisement -

Замислете го ова: Десетгодишната Ема влегува во нејзината училница SKILL UP каде наместо табла, ја пречекува интерактивен екран на кој се прикажува виртуелна прашума. Нејзината мисија за тој ден? Кодирање програма што ќе помогне да се заштитат загрозените видови кои живеат во тој екосистем. Со секоја линија код, таа не само што решава хипотетички проблем, туку ја учи вредноста на технологијата како алатка за глобалните промени.

SKILL UP е проект кој започна во Велес, а од оваа есен стартува и во Битола. Замислете го SKILL UP како место каде училницата ги надминува учебниците и тестовите, преобразувајќи се во динамична арена каде младите умови како тој на Ема се предизвикуваат да размислуваат иновативно, да решаваат проблеми од реалниот свет и да се движат низ комплексноста на „новата нормала“. Тоа не е научна фантастика, тоа е мисијата на SKILL UP.

- Advertisement -

Ова е интервју со тимот велешани кои стојат позади овој проект и ќе биде патување низ главите на визионерските основачи и едукатири кои ја поставуваат сцената на иднината каде секое дете не само што е во чекор со времето, туку активно се „вешти“ за предизвиците што допрва треба да ги замислиме. А неверојатни се. 

Новинарка | Љубица Ангелкова

- Advertisement -

Можете ли накратко да се претставите и да ни кажете за вашето искуство во областа на кодирањето и образованието на новите генерации?

Skillup е академија за програмирање за деца и тинејџери водена од искусни ИТ ентузијасти со мисија да го променат светот, обезбедувајќи ги младите со основни вештини за иднината. Нашето искуство ни овозможува ефективно да ги пренесеме сложените концепти за програмирање на забавен начин, што го прави достапен за младите умови. Веќе 4 години програмираме во Велес, а од годинава стартуваме и во Битола. 

Што ве инспирираше да ја основате првата детска академија SKILL UP  во Битола?

Убав град, со убави и паметни луѓе. Со Битола имавме врски од некои други бизнис потфати на кои работевме претходно, па некако ни беше логичен чекор да ја прошириме академијата баш тука. И мислиме дека не згрешивме.

Уште на самиот почеток, една прекрасна битолчанка не предупреди дека Битола е тешка да ја скршиш, но ако успееш, ќе ти се предаде комплетно. Тоа ни беше дополнителна мотивација. Во моментов даваме сѐ од себе за да ја скршиме.

Што освен програмирање ќе имаат можност да следат од предавања малите слушатели?

Нашата мисија не е само да ги научиме децата да програмираат. Тука ги поместуваме границите на класичната настава, со цел да ги научиме децата како правилно да размислуваат и да ја програмираат својата иднина на сопствен начин. Станува збор за учење на животни вештини кои ќе им помогнат да станат успешни во што и да изберат да прават.

Претходно започнавте академија за кодирање во Велес. Можете ли да споделите какви било сознанија или лекции што сте ги научиле од тоа искуство?

Научивме дека нема подобра работа од работата со деца. Не велиме дека не е предизвик, меѓутоа ако успееш да ја погодиш нивната фреквенција како што ние успеавме, сфаќаш дека се далеку попаметни и позаинтересирани отколку што претпоставуваш. Научивме дека во наставниот процес мораме да вметнеме активности, трендови, сленгови итн., кои им се блиски, разбирливи и интересни на децата. Да станеме едни од нив.

Каков е одзивот од локалната заедница во Битола од формирањето на академијата за кодирање? Дали забележавте некакви разлики во нивото на интерес или ангажман во споредба со вашето претходно искуство?

Битолчани се одлични домаќини. Добивме поддршка од еден куп прекрасни луѓе уште од првиот ден. Интересот за академијата е огромен. Идејата е одлично прифатена, заинтересираноста на битолчани е голема. Наидовме на љубопитна младина, деца кои едвај чекаат да ги отклучат своите потенцијали.

Во Велес пробувавме, грешевме и учевме во изминативе 4 години. Сега во Битола се обидуваме да го реплицираме истиот пристап, нормално со некои промени за подобро да се вклопиме на битолскиот пазар.

Кои возрасни групи ги таргетирате за детската академија за кодирање?

Програмите на skillup се наменети за деца на воздраст од 8 до 18 години.  

Можете ли да ни кажете повеќе за наставната програма и методите на настава што ги применувате за да го направите кодирањето достапно и привлечно за младите ученици?

Во Skillup имаме четири академии кои траат по 8 месеци, почнувајќи од октомври до јуни. 

1. Scratch – оваа програма е наменета за најмалите, од 8 до 10 години. Тука преку забава учиме како да размислуваме логички, да правиме анимации, приказни, игри и ја зајакнуваме активниста на мозокот кај децата. 

2. Web Design – Web Design програмата е наменета за сите генијалци над 10 години кои сакаат да навлезат во светот на програмирањето. Учиме технологии како HTML и CSS, со кои децата можат да почнат да изработуваат веб страни.

3. Web Development – Ова е веќе за мали, но сериозни програмери. Наменета e за децата над 10 години, со претходно познавање на HTML и CSS. Со оваа програма навлегуваме подлабоко во светот на програмирање и учиме како да ги направиме веб страните да бидат функционални. 

4. Графички дизајн и Веб Дизајн – Имаме нешто и за уметниците со око за детали. Оваа програма нуди вовед во светот на боите, фонтовите и визуелните елементи. Од едитирање на слика до дизајн на веб страна.

Имаме многу предизвици, escape room, treasure hunt, олимписки игри и еден куп забавни активности за да го зацементираме наученото. Искуството нѐ научи дека за да го добиете вниманието и концентрацијата на децата, мора да правите работи кои што тие сакаат да ги прават, кои што нив им се забавни.

Дали има некои забележителни успешни приказни или достигнувања од децата кои досега ја посетувале вашата академија за кодирање?

Имаме ученици кои одат по натпревари и освојуваат награди. И поранешни ученици кои отидоа на технички факултети и супер се снаоѓаат. Можeби најголемиот показател дека работиме добро беше коментар од наставничка на родителска средба дека кај две наши деца е забележано огромно подобрување на логиката после доаѓањето на Aкадемијаta.

Можете ли да споделите неколку примери за тоа како учењето кодирање позитивно влијае на нивните животи?

Габриел ѝ кажа на мајка му да не грижи за работа, бидејќи тој ќе отвори ИТ фирма и ќе ја вработи таму. Прво се насмеавме зошто ни беше интересна ситуацијата, но потоа сфативме дека нашата мисија е исполнета.

Како основачи, кои се вашите идни планови за детската академија SKILL UP… Дали имате на ум некои конкретни цели или иницијативи за понатамошно промовирање на образованието за кодирање и иновациите кај децата?

Во моментов сме соочени со огромен предизвик да ја поставиме Aкадемијата во Битола. И нормално да го задржиме квалитетот во Велес. Веќе започнавме да ја кроиме мапата за отварање на канцеларии во други градови. Во преговори сме и за првата франшиза на Skillup. Нашата мисија е да бидеме присутни во сите поголеми градови во Македонија.

Работиме и на онлајн платформа која ќе биде наменета за ученици надвор од Македонија.

Според вас, зошто е важно да им се воведе кодирање и програмирање на децата уште на рана возраст?

Во главно, од две причини:

Прво, сетскиот мозок е како сунѓер. Постојано впива информации и на рана возраст е многу полесно да се разберат концептите на програмирање.

Второ, децата немаат никакви предрасуди. Луѓето често знаат да кажат дека програмирањето е за математичари или за да научиш програмирање треба да имаш надпросечна човечка интелегенција. Кај децата го нема тој момент и затоа тие ја имаат целата слобода да ја усовршаат оваа вештина.  

Кои придобивки и вештини ги добиваат од учењето на овие технологии?

Програмирањето не е само пишување на код и развивање на софтвер или апликации. Постојат многу студии кои потврдуваат дека програмирањето помага во развојот на уникатен сет вештини кај децата поврзани со работната меморија и решавањето проблеми. Еве некои од нив:

1. Програмирањето ги активира центрите за учење во мозокот

2. Програмирањето ja подобрува способноста за решавање на проблеми

3. Програмирањето го зајакнува здравјето на мозокот

Како ја замислувате улогата на академијата SKILL UP во поттикнувањето на културата на иновативност и претприемништво кај младите умови?

Skillup им дава можност на младите генерации за изразување на сопствените мисли и идеи, како и простор за ефективна комуниција со другите со цел да креираме млади умови кои се сигурни во себе и се залагаат за она во што веруваат. Нашата цел е да всадиме победнички начин на размислување кај децата, кој ги учи да им пристапуваат на проблемите со позитивен став и никогаш да не се откажуваат додека нé најдат решение. 

Сподели!
- Advertisement -