„Триглав“ советува: Безбедно во зима!

- Advertisement -

Зимата е омиленото годишно време на многумина. Но, покрај многу возбуда, зимата ни носи и голем број незгоди. Прочитајте кои се основните превентивни мерки што треба да ги преземете, зимата да ја поминете без грижи.

Превентивно оддржување

За снег, можете да се подготвите и пред да ве изненади. Во домот нема да имате многу проблеми, доколку:

- Advertisement -

• редовно го оддржувате кровот и поставите снегобран;
• ги отстраните сувите стебла од дворот и  гранките кои би можеле да паднат од тежината на снегот;
• редовно следите временска прогноза (во случај на однапред најавени обилни врнежи од снег, пожелно е да ги одложите патувањата);
• имате доволно залиха на песок и сол за заледените површини, како и соодветен алат за чистење на снегот;
• ги исчистите скалите и паркинг местото во дворот;
• поставите соодветни подлоги за снег на местата коишто се изложени на вода и снег;
• навремено ги исчистите и системите за затоплување;
Посебно внимание посветете на ледот и снегот, коишто можат да паднат од кровот и притоа да ве повредат вас, или други минувачи.

Кога има снег

Кога веќе паѓа снег, запомнете неколку корисни совети:

- Advertisement -

• редовно чистете ги патеките по кои се движите;• внимателно одете по заледени патеки – одете исправено и побавно, со помали чекори;• обрнете внимание на гранките што може да паднат – избегнувајте одење под дрвја и не го паркирајте возилото под дрвја;• не се задржувајте во близина на електрични спроводници – не допирајте оштетени кабли, или други делови на електрична инсталација, бидејќи можат да бидат под напон;

Пред да тргнете на пат

Лоши услови за возење можат особено да се очекуваат на делови од патот коишто се изложени на влага, ветер и студ. Тоа се:

- Advertisement -
  • мостови;
  • делови од патот коишто се во шума;
  • делови од патот  изложени на посилен ветер;

За вашето возило да биде подготвено за возење во зимски услови, извршете проверка на зимската опрема, гумите, кочниците и други делови на автомобилот. Препорачливо е во автомобилот да имате и стругалка за чистење на мраз од прозорите. Како незадолжителна зимска опрема која се препорачува да ја имате, особено на подолги патувања, се ракавици, течност за миење на стакло со средство против замрзнување и моторно масло.

Возење во зима

Возењето може да биде опасно во зимски услови. Затоа препорачуваме:

• да ја намалите брзината на возење и да ја прилагодите согласно условите на патот;
• да држите растојание од возилото пред вас;
• да не ја намалувате брзината одеднаш и да кочите полека;
• да не го менувате нагло правецот на движење;
• да возите рамномерно – без премногу забрзување или намалување на брзината;
• посебно да обрнете внимание на деловите од патот на кои почесто има последици;
• да тргнете од дома порано од вообичаеното, бидејќи најверојатно ќе патувате подолго;

Додека возите по планински коловози во зимски услови прво треба да предвидите дека возилото, коешто вози надолу, полесно може да подзастане и да отстапи место за поминување на возилото коешто вози нагоре, бидејќи доколку за второто возило се појави пречка и застане, истото многу потешко ќе може да тргне по угорницата.

Како да ги употребите ланците за снег

При обилни врнежи и поголема количина на снег, зимските гуми не се доволна зимска опрема. Потребна е посебна претпазливост на коловозите и свесност дека можеби е време за поставување на ланци за снег.

Текстилните ланци можат да се употребат само доколку коловозот е мокар. За употреба на челични ланци мора да има доволно снег за гумата да не биде во допир со коловозот. Доколку ги употребите челичните ланци на коловоз без снег или лед, може да ги оштетите и ланците и гумите.

Кај повеќето видови ланци, по изминување на неколку метри, потребно е повторно затегнување, па во секој случај пожелно е да застанете и да проверите дали ланците за снег се доволно затегнати. Брзината на возење со ланци за снег е ограничена до најмногу 50 км на час, дури и на автопат.

Сподели!
- Advertisement -