НБРМ и ЕЦБ ќе соработуваат во областа на супервизијата

- Advertisement -

Народната банка (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата, соопшти Кабинетот на гувернерот

Соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет.

Склучувањето на овој меморандум е уште една потврда на посветеноста на НБРМ на одржувањето на стабилниот и сигурен банкарски систем. Како што е наведено и во самиот документ, соработката дефинирана со него е од суштинско значење за натамошното унапредување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста во работењето на банките.

- Advertisement -

„Спроведувањето на неговите одредби ќе биде многу значајно и за остварувањето на определбата на НБРМ за постојано развивање на супервизијата во Република Македонија според најновите европски и меѓународни стандарди и препораки. Во услови кога дел од системски значајните банки во државава се во сопственост на банки под директна супервизорска надлежност на ЕЦБ, се очекува дека размената на информации за нив ќе придонесе за натамошно унапредување на супервизорската функција“, соопштија од НБРМ.

Со иницирањето на овој многу значаен стратегиски документ, ЕЦБ ја вброи НБРМ меѓу централнобанкарските институции коишто ги смета за свои стратешки партнери во процесот на унапредување на супервизијата, а со тоа и во јакнењето на банкарските системи во Европа.

- Advertisement -

Меморандумот за соработка во сферата на супервизијата е само еден од показателите за продлабочувањето на комуникацијата меѓу НБРМ и ЕЦБ во изминатиов период, што ќе продолжи и во иднина.

Сподели!
- Advertisement -