Сакаме е-pay да прерасне во национален македонски сервис на испраќање на “пари” кон и од Македонија!

- Advertisement -

Интервју со Горан Богатиновски, косопственик на e-pay Македонијa, сервис за испраќање “пари” преку вредносна подарок картичка (Gift Card) од секаде во светот, наменето за секој државјанин на Р.Македонија

Како се роди идејата за e-pay?

Поголем дел од лицата кои се иселени од Македонија испраќат парични средства на блиските во земјава  и притоа за таа услуга плаќаат високи провизии. Ние сакавме да направиме побрзо, поедноставен и поевтин начин за реализација на овие трансакции. Читајќи на наши локални сајтови, а посебно на банкарските сајтови, ја забележавме подарок картичката на Еуростандард Банка, која се продаваше локално. Оттука се роди идејата оваа картичка да ја направиме јавно интернационално достапна. Идејата беше супер, истата најде на разбирање и интерес од банката, со што веднаш прејдовме кон изнаоѓање на модел на соработка. Ја изработивме веб апликацијата и после извршените тестирања и одобрувања од банката, започна нашата приказна.

- Advertisement -

Како функционира системот?

Принципот на работа на e-pay е многу едноставен. Од нашата веб страница го избирате дизајнот на подарок картичката која што сакате да ја испратите, потоа ја одбирате сумата која што сакате да ја испратите и на крај ги внесувате вашите податоци и податоците за лицето на кое што му ја испраќате подарок картичката. Веднаш по купувањето, лицето за кое е наменета картичката, добива известувење по е-маил, СМС порака или од нашиот call-центар и веќе наредниот работен ден може да отиде во било која експозитура на Еуростандард Банка и со документ за лична идентификација да си ја подигне подарок картичката. Истата може да ја користи низ продажните места во Македонија без дополнителни провизии. Дефинитивно ако живеете во странство и сакате да испратите подарок за вашите фамилија и пријатели во Македонија, тогаш најдобар избор е Подарок Картичка!

- Advertisement -

Кои се главните корисници засега и кои маркетинг канали ги користите за да ги таргетирате?

- Advertisement -

Главни корисници се наши иселеници или лица со привремен или постојан престој во повеќе земји и континенти од светот. Доминираат оние од САД, Европа и Австралија. Целта ни е да дојдеме до што повеќе клиенти ширејќи информација за нас и нашиот сервис до сите наши потенцијални клиенти ширум светот. Нашата цел е за помала провизија, побрзо, полесно и поедноставно да испратат пари од странство до своите роднини и пријатели во Македонија. Тоа и ePay го овозможува споредувајќи се со класичните трансфер на пари компании.

Користиме најразлични канали за таргетирање на потенцијални клиенти, меѓу кои онлајн маркетинг, социјални мрежи, ПР текстови со објави на наши портали, флаери кои ги делиме тука, како и надвор на собирите на наши МК здруженија. Секако најдобра реклама се задоволните корисници кои по системот уста на уста ја пренесуваат нашата услуга како позитивна и корисна. Како добра маркетинг алатка се покажа и соработката спонзорството што го имавме на претходен форум на МК 2025 одржан во Скопје.

Кои се идните планови за развој на сервисот?

Нашата компанија постојано ги следи сите новитети на ваков тип на услуги со цел да ја подобри и модернизира својата услуга. Во процес на изработка сме на Андроид апликација, а очекуваме бргу да се случи и замена на Подарок Картичката со брендирана подарок картичка, од типот на MASTER и VISA картичките. Секако работиме и на намалување на провизиите. Во фаза сме на изнаоѓање банка партнер и во соседните земји како Косово, Албанија ,Србија и Босна и Херцеговина.

Со сие овие активности се надеваме дека во иднина ќе прераснеме во национален македонски сервис на испраќање на “пари” кон и од Македонија.

 

Сподели!
- Advertisement -