Како што климата станува се потопла може да очекуваме се повеќе луѓе да користат клима уреди за да се разладат. Но, таа технологија која е решение за последиците од климатските промени истовремено придонесува за влошување на состојбата. Global Cooling Prize е натпревар кој има за цел да се најде решение кој ќе го стопира влошувањето на климатските промени.
Global Cooling Prize е поддржан, меѓу другото, од индиската влада, а милијардерот Ричард Бренсон е амбасадор на проектот. Организаторите сакаат да не предизвикаат да размислиме како си ги разладуваме домовите денес. Тие велат дека денес во светот има околу 1,2 милијарди клима уреди, а најефикасните од нив функционираат со 14% од максималната теоретска ефикасност.
Се очекува до 2050 година ќе бидат инсталирани дополнителни 3,3 милијарди клима уреди. Според организаторите на натпреварот, тоа е така затоа што индустријата се фокусира на намалување на трошоците на секој уред поединечно наместо да се труди да ја намали потрошувачката на енергија на истите.
За Global Cooling Prize се исдвоени дури 3 милиони долари за развој на иновативни решенија. Учесниците треба да развијат технологија за разладување која ќе може да се инсталира во домовите и ќе има пет пати помало штетно влијание врз околината отколку моменталните клима уреди, а ќе чини двапати помалку. Новите иновативни решенија ќе треба да трошат до 700 вати и помалку од 14 литри вода дневно.
Натпреварот почна на почетокот на декември, а прелиминарните пријави може да се испратат до јуни 2019 година со иницијалните идеи. Деталните описи на решенијата треба да се достават до август идната година, а на десетте финалисти кои ќе бидат избрани во ноември 2019 година ќе им бидат доделени по 200.000 долари за да направат функционални прототипови.
Победникот кој ќе биде избран во ноември или декември 2020 година ќе добие 1 милион долари.