Дрвјата апсорбираат двапати повеќе јаглерод отколку што се мислеше

- Advertisement -

Во истражување кое имало за цел да ги анализира стеблата со помош на технологија за 3Д скенирање откриено е дека британските шуми апсорбираат двапати повеќе јаглерод отколку што се мислело порано. Во текот на истражувањето се користени ласери за мапирање на речиси 1.000 стебла во шумата Витам во Оксфордшир, а откриено е дека посебно постарите стебла играат клучна улога во борбата против климатските промени.

Прецзните пресметки за количината на апсорбиран јаглерод во британските шуми може да помогнат во носењето одлуки и да се пресмета реалната штета предизвикана со губењето на шумите. Пред технологијата за 3Д скенирање анализите на дрвјата се правеле само со сечење на дрвјата, меѓутоа сега се користат мапи за секое дрво кои се креираат со ласер, по што настанува модел. На тој начин корисниците можат да ја пресметаат количината апсорбиран јаглерод во стеблата и во гранките на дрвјата, а податоците во случајот со британските шуми покажале дека има дупло поголема количина отколку што се мислело претходно.

- Advertisement -

Покрај тоа што се битни екосистеми, здравите шуми го отстрануваат јаглерод диоксидот од атмосферата, кој ја загрева планетата. Секој квадратен километар изгубена шума значи и дупло поголемо намалување на капацитетите за отстранување на кислородот во однос на претходните проценки.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -