Бизнис експертот Џош Кауфман на една конференција се обиде да го разбие митот дека за учење нови вештини е потребно многу време. Тој тврди дека овие неколку вештини може да се научат за само една недела.
1.Можете да научите да отсвирите една мелодија на некој музички инструмент
Музичката теорија е навистина сложена, но една недела би требало да биде доволна за да научите да свирите само една песна, на пример, на хармоника. Кауфман на крајот на конференцијата отсвири една песна на укулеле, која како што тврди, научил да ја свири за само 20 часа.
2. Можете да научите да склопите Рубикова коцка
Луѓето коишто знаат да склопат Рубикова коцка за помалку од десет секунди ќе ви речат дека тоа не е ништо посебно и дека се што треба да научите е една шема, да го запаметите редоследот на движењата и можете да ја склопите многу брзо. Како што вели Кауфман, еден почетник може да ја склопи за помалку од две минути после курс од една недела.
3. Можете да ги научите основите на еден странски јазик
Луѓето што зборуваат повеќе јазици се нарекуваат полиглоти, а се чини дека денес е полесно од кога било да се стане полиглот. Постојат разни апликации кои можете да ги инсталирате на телефон со кои брзо како низ игра ќе ги совладате основите на некој странски јазик.
4. Можете да научите да пишувате и со лева и со десна рака
Некои научници тврдат дека пишувањето со двете раце можете да го научите ако вежбате два часа секој ден во интервали од по 15 минути. Првите два дена вежбајте цртање круг со линија низ него, потоа букви, додека седмиот ден би требало да пишувате што повеќе на некоја тема.
5. Можете да научите одлично да раскажете некоја приказна
Раскажувањето приказни е вештина како и секоја друга. Постојат правила кои треба да се следат и грешки кои треба да се избегнуваат за раскажувањето да биде поуспешно. Најдобрите говорници, како што тврди претприемачот Сет Годин, го задржуваат вниманието на публиката со раскажување автентични приказни засновани на ветување, а имаат некаква порака.