Една четвртина од вработените во оваа компанија се во брак или врска меѓусебе

- Advertisement -

Околу една четврина од вработените во американската компанија Seraphic Group се во сериозна врска или во брак со некој колега или колешка, но како што велат, тоа е возможно само со строги правила. Во Seraphic Group изразот љубов и благодарност е испечатен на 16 јазици и е закачен на ѕидовите на управната зграда. Љубовта и благодарноста се главните вредности на оваа компанија, но дел од љубовта оди малку подалеку – романсата е дел од културата.

Околу 20% од вработените се во врска или во брак со колега или колешка, односно 25% ако се сметаат и врските и браковите со консултанти кои блиску соработуваат со компанијата. Генералниот директор на компанијата, Зак Буш, ваквата ситуација ја препишува на главната мисија на компанијата – тие идентификуваат и развиваат производи кои го подобруваат здравјето на луѓето, животните и на животната средина. Според тоа, вработените комуницираат за тоа како да се грижат за луѓето во својот живот.

- Advertisement -

Трендот почнува од раководниот тим. Главниот стратешки службеник е оженет со потпретседателката на секторот за информации. Оперативниот директор е оженет со креативната директорка. Буш е оженет со еден од консултантите на компанијата. Вториот советник штотуку ја запросил својата девојка на венчавката на Буш.

Било да се вработени или не во компанијата, сопружниците проминуваат многу време на работа. Компанијата е домаќин на 5-6 настани годишно, каде што се собираат целите семејства. Од компанијата трвдат дека вработените на овој начин се многу посветени на работата затоа што имаат голем влог во неа. Таквиот начин на живот и работа има доста предности. Вработените често ги гледаат своите партнери, стресот е помал, а сите имаат исти пријатели и сите се дружат.

- Advertisement -

Како што велат, можните недостатоци може да се отстранат со добра комуникација, а најбитно е што на партнерите или сопружниците им е забрането да работат во исти сектори. Со оглед на тоа дека компанијата има 11 сектори, лесно е да се распределат.

Сподели!
- Advertisement -