Канадска компанија направи вистинска хотелска соба на тркала

- Advertisement -

Компанијата Аprilli Design Studio направи апартман кој е вистинска хотелска соба на тркала. Компанијата со седиште во Торонто прикажа како ја замислува иднината на патувањата и хотелите со својот беспилотен автомобил кој ги има сите удобности како еден хотел. Нивното возило е совршена комбинација од транспортно средство и удобност за превоз на корисникот буквално од почетната до крајната дестинација. 

Тhe Ѕuite беше добитник на годинашната награда за радикални иновации. Доаѓа опремен со основни услови за спиење, за работа и тоалет, за гостите да можат времето поминато во патување да го користат поефикасно и попродуктивно. Тие едноставно треба да ја внесат крајната дестинација преку апликација, па возилото ја анализира најдобрата маршута, комуницира со попатните продавници, ресторани итн.  за завршување на уште некоја обврска по пат. Комфорот, пак, е уште понагласен со опцијата возилото само да ја анализира внатрешната средина и да ја прави што е можно поидеална.

- Advertisement -

Од Арrilli сакаат со овој нивни концепт за хотелска соба на тркала во иднина да управуваавтономен хотелски синџир. Хотелскиот синџир се состои од мрежа од различни градби каде што може да се паркираат возилата, а ќе има и дополнителни услуги од типот на храна и пијалаци, сали за состаноци, спа, базени, теретани итн.

- Advertisement -

Секоја хотелска соба на тркала ќе може да се резервира посебно и патниците ќе можат да ја користат која било автономна соба во близина додека патуваат. Автономните хотели составени од автономни хотелски соби ќе нудат и беспилотни возила кои ќе се испраќаат до хотелските соби со собна послуга или со батерии за собите. 

- Advertisement -

Еден од аспектите кои ги загрижуваат експертите е колку долго можат да останат луѓето во затворен простор или што ќе прават за време на долги патувања.  На патниците им се потребни вистински бањи, кревети, прозорци и природна светлина, па затоа ваквите возила нема да бидат удобни за долги патувања, велат од канадската компанија.

Сподели!
- Advertisement -