НАСА ја направи најблиската фотографија од Сонцето досега во обид да разбере како функционира ѕвездата. Сондата Parker Solar Probe се наоѓаше на околу 27,1 милиони км од површината на Сонцето кога ја направи фотографијата. Тоа значи дека сондата била 214 милиони километри поблиску до Сонцето отколку што е оддалечена Земјата, која орбитира на растојание од околу 241 милиони километри.
На средината на фотографијата може да се види и Меркур како една цветла точка. Исто така може да се види и коронална експлозија, односно соларен материјал во близина на најактивните региони од Сонцето.
Астрономите се надеваат дека мисијата Parker ќе обезбеди вредни податоци за подобро да ги разбереме мистериозните процеси на Сонцето. Сондата Parker Solar Probe ќе отиде на региони каде што луѓето не биле претходно и од НАСА се надеваат дека главно ќе обезбеди одговори на три најголеми мистерии.
Првата е зошто короната, односно атмосферата на Сонцето, е загреана до температура 300 пати поголема од површината под неа? Понатаму, како соларните ветришта се забрзуваат толку многу? Третата мистерија е како Сонцето може да исфрла некои честички со брзина половина од брзината на светлината?
Parker само што почна да испраќа податоци до научниците на Земјата, иако беше лансиран во август. „Не знаеме што да очекуваме додека не ги добиеме податоците. Веројатно ќе видиме некои нови феномени“ велат научниците.