Сите што купуваат подароци во последен час често купуваат на Интернет. Со толку различни интернет-трговци и сервиси, не е изненадување дека покрај легалните и безбедни, се провлекуваат и некои помалку легални и несигурни. За овие празнични денови да уживате во безбедно купување, особено кога ќе има распродажби, ви нудиме краток водич за безбедно купување на Интернет
Купувајте на проверени веб-страници
Понекогап најдобрите понуди доаѓаат со сокриен злонамерен софтвер. Останете безбедни за време на онлајн шопингот – посетувајте само реномирани и сигурни веб локации. Проверете дали системот на следење на платениот износ е безбеден пред да ги внесете личните податоци. Веб адресите треба да започнуваат со „s“ – „https“ и покрај тоа да има знак на заклучен катанец, а апликациите преземајте ги само на официјалните продавници за апликации.
Проверувајте ги изводите од банка
Следете ги своите месечни извештаи од банка и прегледувајте ги своите купувања за да бидете сигурни дека не постојат непознати трошоци. Доколку забележите какви било трошоци кои не сте ги направиле, без оглед на тоа дали се големи или мали, веднаш обратете се во својата банка.
Информирајте се за најновите видови онлајн измами
Многу измами се појавуваат за време на празниците за да ја искористат добрата волја на луѓето. Битно е да препознаете кога некој се обидува да ги добие вашите лични податоци преку социјален инженеринг. Информирајте се за најчестите шеми на измами и социјалниот инженеринг како што е фишингот и како да ги избегнете.
Овозможете проверка во два чекори (2FA)
2FA овозможува дополнително ниво на верификација, која ја зголемува безбедноста на сметката и потешко се провалува. 2FA е достапен за бизнис, но и за многу персонални сметки како што е имејл, социјални мрежи, банкарство итн.
Поврзете се безбедно
Користете само Wi-Fi мрежи кои бараат да се логирате. Ако мора да користите бесплатен или јавен Wi-Fi, немојте да преземате или да споделувате податоци. Почекајте додека не најдете безбедна Wi-Fi мрежа или користете го мобилниот Интернет за да купувате онлајн или да отворате чувствителни информации.
Избегнувајте да објавувате лични податоци на социјалните мрежи
Ако сте далеку од дома можеби тоа е единствената информација која им треба на хакерите за да тргнат во акција. Прегледајте и запознајте се со основите на преголемото споделување на социјалните мрежи за да избегнете опасности.
Следете ги своите уреди
Бидете внимателни. Знајте каде ви се уредите во секој момент. На нив има многу доверливи информации – доверливи документи, банкарски податоци, профили на социјалните мрежи, лозинки, мејлови итн.