Успешната 2018 година на WE MAKE ги помести границите за женско претприемништво, во 2019 година продолжува со нови активности, нови можности, нови успеси…
Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата, имаше успешна имплементација во цела 2018 година и поттикна многу млади девојки и жени, да размислуваат поинаку, да зборуваат гласно за нивните интереси и амбиции, да ги срушат сите предрасуди и стереотипи во поглед на можностите и економската позиција.
Во рамки на „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, кој се реализира во осумте плански региони и ќе трае до април 2019 година, организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, активно спроведуваат голем број на активности, во повеќе модули и фази. Вклучени се членките и поддржувачите на Здружението на бизнис жени, во соработка со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, се со цел да се подобрат можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за извоз и поврзување на компаниите во сопственост на жени, во кластер за женско претприемништво.
Одзивот и приемот беа одлични, на национално ниво, а за тоа повеќе зборуваат бројките на реализираните настани и обуки, и бројките на опфатени учеснички, нивните впечатоци и променети ставови во однос на претприемништво, кариререн раст и поттикнати амбиции.
Во периодот март-мај, се одржаа воведни и промотивни настани во сите 8 плански региони, во присуство на повеќе од 650 учесници и поддржувачи. Во јуни се реализираа 9 обуки за старт-ап, занаети и претприемништво, на македонски и албански јазик, со кои беа опфатени повеќе од 200 жени и девојки. Во септември и октомври се одржаа 8 обуки за промовирање на кодирање и ИКТ технологии, на македонски и албански јазик, за младите девојки од средните училишта, како и 8 работилници за СТЕМ и ИКТ во претприемништвото за жени и девојки, претприемачки или заинтересирани за воспоставување на сопствен бизнис. Потоа следеше реализација на петдневен камп за кодирање за жени и девојки, кој се одржа во Струга, со учество на 10 кандидатки, од претпходно реализираните работилници. Со овие 16 обуки и кампот за кодирање, беа опфатени повеќе од 350 жени и девојки, од кои дел веднаш се вклучија во здружението како редовни членки, и се заинтересирани за вмрежување и учество во сите идни активности. Потоа, во октомври и ноември следеа 8 работилници за Зелена економија и Социјално претприемништво, со кои беа опфатени повеќе од 130 девојки и жени. Со што е достигната одлична бројка на реализирани 34 едукативни настани, со опфат од 700 жени и девојки, во сите 8 плански региони.
Следно, како заокружување на едукативниот аспект на проектот е бут-камп за иновации, кој треба да се одржи во следниве 2 месеци, со присуство на најуспешните учеснички од реализираните циклуси на обуки, успешни жени претприемачки како пример за добри практики и можност за вмрежување, експерт за иновации и претставници од партнерската организација од Хрватска.
Паралелно, се одржаа и 8 округли маси со сите релевантни стејкхолдери, во сите плански региони. Повеќе од 200 претставници од општините, институциите, локалните и регионалните тела, локалните граѓански организации и бизнис заедницата, дискутираа за важноста на учеството на жените во претприемништвото, економската стабилност, моменталната состојба на локално ниво и можностите за поддршка и јакнење на женското претприемништво.
Сепак проектот WE MAKE има и пошироки рамки. Снимени се 8 кратки филма со успешни жени претприемачки, за да се прикажат добри практики преку модели на веќе искусни жени претприемачки, кои со својата успешна приказна ќе мотивираат поголем број на жени да се осмелат да го направат првиот чекор и да влезат во светот на бизнисот. Креирана е и активна WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да отворат свој профил преку кој ќе можат да се промовираат, но и да пристапат до базата на жени претприемачки, ментори, консултанти, онлајн обуки, и сите споделени информации и тековни активности.
Сите заинтересирани лица, понатамошните активности и информации поврзани со проектот, може да ги следат на линковите на проектот WE MAKE:
https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/
и на фб страната на Здружението на бизнис жени:
https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/
Мотивирачките филмови може да се најдат и погледнат на YouTube каналот на проектот WE MAKE MK, на следниот линк: https://www.youtube.com/channel/UC0GSxBQCJvA0by-XbUpTHLA/videos
А за регистрација на WE MAKE веб платформата за вмрежување, во рамки на проектот, пристапете на следниот линк: https://wemake.mk/
Повелете, пријавете сѐ на WE MAKE веб платформата – за повеќе информации и контакти, за промоција, вмрежување и економско јакнење. Ве очекуваме!
Здружението на бизнис жени продолжува со понатамошна имплементација на проектот. После реализираната студиска посета на Хрватска, во август, со делегација на жени претприемачки, и одржани 8 работни состаноци за кластеринг со жени претприемачки, во септември, со опфат на повеќе од 70 жени претприемачки, се развива соодветна постапка за формирање на официјален кластер за женско претприемништво, прв и единствен таков во земјата, по примерот и моделот на кластерското поврзување на женските бизниси во Хрватска. Следна активност, во поглед на ланци на набавки, извоз и кластеринг, е предвидениот централен состанок во Скопје, на 27.12.2018 год.