Научниците предупредуваат: На тинјеџерите им треба сон, утринската настава треба да почнува подоцна

- Advertisement -

Логично е ученциите да спијат подолго ако наставата почнува подоцна, но малку е познато дека подолгиот сон има позитивно влијание на нивното здравје, среќа и оценки. Во американскиот град Сиетл од неодамна наставата не почнува во 7:50, туку во 8:45 часот. Тоа е одлука на градските власти и е дел од реорганизацијата на наставата во државните училишта.

Научници од државниот Универзитет Вашингтон и од Институтот за биолошки науки истражуваа како влијае таа промена на учениците. Истражувањето покажа значително подобрување на квалитетот на сонот, а времето на станување е приближно до природното време на будење за тинејџерите. Покасното почнување на наставата резултираше со тоа учениците во просек да спијат 34 минути подолго, односно од просечно 6 часа и 50 минути нивното спиење е продолжено на 7 часа и 24 минути.

- Advertisement -

Научниците истакнуваат дека тоа е битно затоа што на тинејџерите им треба повеќе спиење отколку на нивните родители. Луѓето имаат циркадиски ритам, односно биолошки часовник кој сигнализира кога е време за спиење, а кога е време за бидење. Во пубертетот тој циклус е продолжен.

„Внатрешниот биолошки часовник на тинејџерите се разликува од возрасните“ велат научниците. „Сите истражувања на навиките за спиење кај тинејџерите  во Америка покажуваат дека времето на одење на спиење е биолошки условено, а времето на станување е одредено од општеството. Да се бара од еден тинејџер да биде буден и активен во 7:30 часот е исто како да се бара од некој возрасен да биде буден и активен во 5:30 часот“ додаваат тие.

- Advertisement -

Тоа може да има сериозни последици врз здравјето затоа што нарушувањето на тој ритам влијае на стомакот, пулсот, имунолошкиот систем и на нивото на концентрација. Научниците веруваат дека училишните власти секаде во светот треба да внимаваат на тоа.

Сподели!
- Advertisement -