Холанѓаните од државата добиваат пари за секој извозен километар со велосипед

- Advertisement -

Повеќе од половина од Холанѓаните кои со автомобил патуваат на работа од своето работно место се оддалечени во просек околу 7,5 километри. Владата смета дека тоа растојание лесно може да се помине со поздрава и еколошки поприфатлива алтернатива.

Холандија моментално има 17 милиони жители и 23 милиони велосипеди, а податоците покажуваат дека пред две години во земјата повеќе од една четвртина од патувањата се вршеле со ова превозно средство на две тркала. Меѓутоа, од нив само 25% биле до работа, 37% од забава, а остатокот заради шопинг, одење на училиште и останати активности.

- Advertisement -

Токму затоа оние кои патуваат со велосипед на работа можат да добијат и даночно олеснување од 0,19 евра за секој поминат километар, со тоа што компанијата и вработениот треба само да се договорат за должината на велосипедската рута. Иако оваа мерка постои веќе некое време, малку компании знаат за неа. Холандската влада се надева дека тоа ќе се промени со подобра промоција.

Освен овој бенефит, неодамна објави дека ќе инвестира 340 милиони евра во велосипедска инфраструктура за во наредните три години да привлече барем 200.000 луѓе на велосипеди. Со проектот се планираат 15 нови рути да се претворат во велосипедски автопати кои ќе ги поврзуваат центрите на градовите со предградијата, да се направат 25.000 места за паркирање велосипедии да се доградат повеќе од 60 складишта за велосипеди.

Сподели!
- Advertisement -